Вселенски бродови инспирирани од медузи, 3D-печатени домови, полигамни врски и вегетаријански диети се меѓу замислите на експерти за тоа како би можело да се направи остварливо меѓуѕвездено патување, пишува The Guardian.
Овие идеи на научници, инженери, архитекти и социјални теоретичари произлегле како одговор на глобален натпревар за развој на планови за „генерациски бродови“ – самooдржливи летала способни да поддржат до 1.500 луѓе во патување од 250 години до населлива планета.
Натпреварот Project Hyperion, започнат минатата година, дозволувал учесниците да користат само постојни технологии или оние што се очекува да се појават во блиска иднина, како нуклеарна фузија. Панел од експерти, меѓу кои и научници од НАСА, ги оценувале речиси 100-те предлози според тоа како нивните живеалишта, архитектура и општествени структури ќе овозможат екипажот не само да преживее, туку и да напредува низ повеќе генерации вселенско патување.


Победникот: „Chrysalis“
Првото место го освои „Chrysalis“ – вселенски брод долг 58 километри во форма на пура, изграден околу серија концентрични цилиндри, секој со различна намена: 3D-печатени живеалишта; заеднички простори како паркови, библиотеки и галерии; и фарми и биоми со различни земјини средини, вклучувајќи тропски шуми.
Како што животни би биле донесени само за одржување на биодиверзитетот, потребна би била вегетаријанска исхрана. Дизајнот бил пофален за деталните планови, особено за начинот на кој психолошката издржливост на екипажот би се тестирала преку живот во изолирани антарктички бази.
Предлогот предвидува и промена на семејните структури – припадноста на поединците би се темелела повеќе на заедницата во бродот, а жителите би можеле да имаат деца, но не нужно со истите партнери.


Второпласираниот: „Hyperion“
Второто место го доби „Hyperion“, вселенски брод чиј изглед наликува на станицата од филмот 2001: A Space Odyssey. Двете прстенести структури на дизајнот создаваат магнетно поле слично на земјиното, „коe би било клучно за успешна бременост во длабоката вселена, без што мисијата би била осудена на пропаст“.
Проектот вклучува и дизајн за облека со лабав крој и големи џебови кои може да се затворат, за да се спречи испаѓање на предмети во услови на ниска гравитација. Мисијата предвидува и три пара желки, „избрани поради нивниот долг животен век, релативната неактивност и отпорноста на болести“.


Третопласираниот: „Systema Stellare Proximum“
Третото место му припадна на дизајн инспириран од медуза, кој користи издлабен астероид како штит од удари. Замисленото општество би било водено од „нечовечка колективна интелигенција и човечки совет“, а можно е да се појават и нови религии, како неопаганизам кој го обожува „природата и човекот, во сите негови форми“.
Меѓу другите забележителни предлози е „Endless Beyond the Stars“, кој вклучува светлина што лебди и се добива од биогас произведен од телата на починатите.
Д-р Андреас Хајн, извршен директор на Initiative for Interstellar Studies, која го организирала натпреварот, вели дека тој бил „дел од поголема вежба за да се истражи дали човештвото може да патува до ѕвездите“ и како „една цивилизација би можела да живее, учи и еволуира во средина со силно ограничени ресурси“.
Тој додава: „We asked participants to integrate architecture, technology and social systems to conceptualise a functional society spanning centuries – and the outcome was beyond expectations.“
Редакција Фронтлајн