Како се приближуваат локаните избори така се засилува и партиската ретокрика опаќајќи широк опус на наративи кои соддржат или предизвикуваат говор на омраза. Иако не секогаш се чини дека се во изборен контекст, сепак, досегашното искуство на ЦИВИЛ покажува дека секоја тема, наратив, дискурс кој произлегува како дел од изјавите на политичарите подлежи на потенцијален говор на омраза, особено на социјалните мрежи или преку посредство на медиумите.
Што е што во изборен контекст
5. Говор на омраза – потенцијал за тензии, поларизација и насилство
Говор на омраза е било која форма на комуникација која изразува омраза или поттикнува насилство кон поединец или група врз основа на карактеристики како етничка припадност, раса, религија, пол и сексуална ориентација.
Говор на омраза во изборен контекст е секоја форма на израз — вербална, писмена, визуелна или онлајн — која во текот на изборниот процес шири, поттикнува, оправдува или промовира омраза, дискриминација или насилство врз поединци или групи, засновано на нивна:
- етничка или национална припадност,
- верска определба,
- јазик,
- пол, род или сексуална ориентација,
- политичка припадност,
- социјален или економски статус.
Во изборен контекст, овој вид говор често е насочен кон:
политички противници и нивните поддржувачи,
новинари и медиуми,
ранливи или маргинализирани групи.
Клучна карактеристика е што говорот на омраза во предизборниот период има зголемен потенцијал да предизвика тензии, поларизација и дури насилство, бидејќи се користи во атмосфера на засилена политичка конкуренција.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk
Вашиот глас има моќ. Искористете ја!
Преземено: Цивил Медиа