ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Ангелов: Три пожари активни во моментов, деновиве од 20 до 30 пожари на отворен простор

August 15, 2025 15:50
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Генерално, во текот на денот, деновиве, имаме по најмалку 20, па некаде до кај 30 пожари на отворен простор, некои од нив вообичаено се шумски, односно пожари што влегуваат во сериозна шума. Во овој момент, на територијата на државата досега имавме пет пожари на отворен простор, од нив два се целосно изгаснати, три се активни, информираше на попладневната прес-конференција, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

За пожарот што со денови се протега на територијата на ловиштето „Јасен“, тој рече дека на еден дел состојбата е многу лоша, горењето со засилените температури се засилувало. За овој пожар, надлежните сметаат дека најверојатно е предизвикан од гром, затоа што како што појасни Ангелов, „оној кој би имал мотив да пали, би запалил поблиску до патот“.

Вториот тежок за гаснење пожар, што исто така неколку дена гори, на моменти бил ставен под целосна контрола, потоа повторно горел. Пожарот сега веќе дошол до атарот на село Јажинце, општина Јегуновце.

– Но, јас повеќе верувам во негово намерно палење бидејќи едноставно не може сам од себе по неколку дена – повторно да се реактивира, додаде Ангелов.

Третиот активен пожар во моментов, што Ангелов го опиша како „пожар во развиток“, е во општина Долнени, на подрачјето на селата Лажани и Средорек.

– Исто така, се работи за многу тежок терен за гаснење. Се надевам дека денеска ќе биде ставен под контрола. Но, овој пожар, исто така, може да стане голем предизвик, нагласи Ангелов.

Тој истакна дека сите екипи на терен се борат храбро и пожртвувано, даваат сè од себе.

– Морам да укажам дека секојдневно имаме силна поддршка од премиерот и Владата, затоа што сè она што ни треба како ресурси, а што државата го има на располагање, го добиваме за рекордно време, додаде Ангелов.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој посочи дека секојдневно наидуваат на докази за подметнати пожари.

– Министерството за внатрешни работи работи на расветлување на овие случаи. Но, морам да укажам дека едни од најтешките кривични дела за докажување се токму предизвикувањето пожари, затоа што со пожарот, горат и трагите. Но, има одредени видео – снимки, ќе слушнете мислам дека и во текот на денешниот ден, вчера е фатено лице како подметнува пожар. Но, алармантно е ова што се случува zатоа што, бројот на пожари, ако сега во овој момент беа пет, јас сум сигурен до вечер дека ќе бидат над дваесет. Нешто што е – апсурд. Без човечки фактор, тие не можат да бидат предизвикани, смета директорот на ДЗС.

Тој потсети дека не сме единствената држава што во моментов се соочува со пожари.

– Доколку граѓаните не ни помогнат, не бидат повнимателни и уште повеќе не ги пријават сите сомнителни поведенија, оваа битка ќе продолжи и во текот на август, а можеби и во септември. Следната недела сме во очекување да падне одредена количина дожд што малку би нè олабавило, рече директорот на ДЗС.

Next Post

Повеќето Американци не му веруваат на Трамп во справувањето со војната на Русија против Украина

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk