ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Седум дена од „агресијата“ врз Њуз 24; Во Албанија е нарушен информативниот плурализам; Косово се спрема за локални избори во октомври

August 15, 2025 15:07
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Се навршуваат седум дена откако владата на Албанија го исклучи сигналот на телевизијата Њуз 24, а од Репортери без граници изразија загриженост за правата на новинарите. Според нив, во Албанија е нарушен информативниот плурализам, пишуваат албанските медиуми. 

ЦИК на Косово објави дека за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, се регистрирале над 100 политички субјекти, меѓу кои 33 политички партии, две коалиции, 35 независни кандидати и 34 граѓански иницијативи кои ќе се кандидираат за градоначалник и локален советник во 38 општини, јавуваат косовските медиуми. 

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.  

АЛБАНИЈА 

Досја – Репортери без граници: Во Албанија е нарушен информативниот плурализам  

Павол Салај, раководител на редакцијата за ЕУ-Балкан во „Репортери без граници“, во разговор за ДВ за тоа што се случи во Албанија во просториите на „Њуз24“, изразува загриженост за правата на новинарите и јавноста на информации. Салај рече дека во претходниот индекс, Албанија била рангирана на 80-то место од 180 земји со најлоши резултати, пренесе Досја.  

 Според него, ситуацијата забележана во „Њуз24“ ја одразува проблематичната средина и многу тешките услови, вклучително и финансиските, во кои новинарите во Албанија ги извршуваат своите должности. Тој додаде дека сопствениците на медиуми и политичарите имаат многу блиски врски, нагласувајќи дека ова не е добро. Според него, ова им штети на новинарите и на правата на граѓаните. 

Панорама: 7-ми ден од агресијата врз News24,  информативната телевизија една недела емитува  под вонредни услови 

Денес е седмиот ден од агресијата врз „Њуз24“, кој емитува програма веќе една недела под вонредни услови, пред вратите на зградата која утрото на 9 август беше ненадејно окупирана од државната полиција и воените сили. 

Иако сигналот за емитување беше отстранет и на новинарите им беше спречен да влезат во работните простории за да земат лични предмети и работни досиеја, гласот на медиумите не беше замолчен, напротив, тој продолжи силно, реагирајќи против агресијата и насилството врз слободата на говорот и правото на информирање, пишува Панорама.  

КОСОВО 

Вокс ал: Хашкото обвинителство бара на Тачи да му се забранат посети од 14 лица, вклучувајќи ги и неговите тројца браќа 

Повеќе од година и пол, Хашим Тачи е под режим на посети во притвор. 

Ограничувањето на средбите со блиското семејство, или дозволувањето само 5 средби месечно со пријатели и други роднини, не е доволно за Обвинителството. Дури ни 24/7 прислушување со преведувач од Албанија. 

 Специјализираното обвинителство побара на поранешниот претседател целосно да му се забранат посети со неговите тројца браќа, Гани, Назми и Блерим Тачи, и пратеникот на ПДК, Артан Бехрами. 

 Овие се вклучени во список од 14 имиња за кои се бара привремено да исчезнат од животот на Тачи, до крајот на судењата, и за воени злосторства и за попречување на правдата. 

 „Иако се преземени одредени мерки за минимизирање на ризикот од опструкција, СЈО дознава од јавни извори дека некои вознемирувачки посетители продолжуваат да го посетуваат Тачи во Притворниот центар. Секако, ризикот Тачи да пренесува неовластени пораки и упатства за време на непривилегирани посети никогаш не може целосно да се елиминира, дури ни во Притворниот центар. Ова е докажано преку појавувањето на Хашим Тачи во видео повик со друг обвинет, во февруари 2025 година“, се наведува во барањето на СЈО, пренесе Вокс ал. 

Ора њуз: Косово одлучува на 12 октомври, пријавени над 100 политички субјекти за локалните избори 

Централната изборна комисија потврди дека 104 политички субјекти се пријавиле за учество на локалните избори на 12 октомври. 

Меѓу нив се 33 политички партии, две коалиции, 35 независни кандидати и 34 граѓански иницијативи кои ќе се кандидираат за градоначалник и локален советник во 38 општини на Косово. Пријавувањето за политички субјекти официјално заврши на полноќ помеѓу среда и четврток, објави Ора њуз. 

Газета експрес: Албанци те во задничка  листа во Грачаница   

Една година, албанските партии во Грачаница преговараа. И на крај, договорот беше да се настапи со заедничка листа на локалните избори на 12 октомври. 

 Албанската алијанса, која ја сочинуваат Движењето Ветевендосје, Демократската партија на Косово, Демократската лига на Косово и Алијансата за иднината на Косово, ќе ја предводи Леутрим Ајети. 

Во последниот попис на населението спроведен од Косовската агенција за статистика, се чини дека Грачаница е општина со албанско мнозинство, пишува Газета експрес. 

 Од 18.486 жители, во оваа општина има 8.623 Албанци и 8.560 Срби. 

 Вкупно има 909 жители Роми и 133 Ашкалии. 

КОЛУМНА 

Коха: „Предизвиците на Алјаска“ 

„… Трето, Трамп не треба да остава впечаток дека е повеќе заинтересиран за брзината на преговарачкиот процес отколку за неговиот квалитет. Една од опсесиите на Трамп е да се проектира како мировен претседател достоен за „Нобелова“ награда. Тој постојано зборува за ова. Во исто време, тој честопати ги обвинуваше демократите дека започнуваат непотребни војни и ветуваше дека ќе ги заврши под неговото претседателствување. Но, досега се покажа неспособен да ги запре светските конфликти. Следствено, оваа лична потреба на Трамп да го проектира својот имиџ како мировен претседател ризикува да ја поттикне послабата страна во преговарачкиот процес (Украина) да прифати компромиси кои на краток рок може да ги запрат борбите, но кои на долг рок само ќе го поттикнат апетитот на Русија за териториите на другите држави уште повеќе. 

 Четврто, во најдобар случај, Алјаска ќе биде почеток, а не крај, на еден процес. Тоа ќе го отвори патот за започнување на сложен преговарачки процес во кој ќе бидат вклучени сите клучни страни, со посебен акцент на Европејците. Ниту еден процес на преговори договорен меѓу Трамп и Путин не може да успее без европска поддршка од едноставна причина што Украина е во Европа и дека огромното мнозинство прашања (од оружје до санкции) се под одговорност на европските држави. Ова е исто така причината зошто веднаш по веста за средбата Трамп-Путин, клучните европски држави реагираа јавно за да ги разјаснат своите црвени линии.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Предизвиците на Алјаска“, објавена во косовскиот дневен весник Коха. 

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

УХМР: Од понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи

НАЈНОВО

Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите

August 15, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

August 15, 2025

„Мегадет“ го најавија својот последен албум и прошталната турнеја в година

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk