Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со заедничка кампања за намалување на бројот на повредени лица кои управуваат електрични тротинети.
Како што информираат од МВР, преку видео едукативен спот се укажува на законските обврски и препораки за безбедно возење со е-тротинети, се споделува лично сведоштво од лице кое доживеало несреќа со електричен тротинет, како и докторска експертиза за тешките последици од повредите настанати како резултат на несреќи со вакви возила.
– Целта на кампањата е да ја зголемиме свесноста, да поттикнеме одговорно однесување и да придонесеме кон побезбедно учество на електричните тротинети во сообраќајот, стои во соопштението.