ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украинските сили нападнаа пристаниште во регионот Астрахан што го користи Русија за снабдување од Иран

August 15, 2025 11:08
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Руското пристаниште Оља во Астраханската област, Русија. Фото: Веб-страница на трговското пристаниште Оља

Руското пристаниште Оља во Астраханската област, Русија. Фото: Веб-страница на трговското пристаниште Оља

Единици на украинските сили за специјални операции, во координација со други гранки на одбранбените сили, извршија напад врз пристаништето Олја во рускиот регион Астрахан, објави Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Како дел од напорите за намалување на способноста на Русија да спроведува воздушни напади, силите за специјални операции, работејќи заедно со други единици на одбранбените сили, го нападнаа пристаништето Олја на 14 август.

Објектот го користи Русија како клучен логистички центар за испораки на воен товар од Иран.

Според достапните информации, нападот го погодил бродот Порт Олја 4, кој бил натоварен со компоненти за беспилотни летала од типот Шахед и муниција од Иран.

Резултатите од нападот се разјаснуваат.

Кијив Индипендент пренесува дека експлозијата и пожарот наводно ги оштетиле горните четири ката од зградата и искршиле прозорци во соседните куќи и едно училиште.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила 53 украински дронови во текот на ноќта низ повеќе региони, вклучувајќи 13 над Курската област, 11 над Ростовската област, седум над Самара, шест над Белгородската област, пет над Орјолската област, по четири над Брјанската и Воронежската област, по еден над Саратовската област, еден над Калмикија и еден над Азовското Море.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Next Post

Влада: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

НАЈНОВО

Моди: Индија нема да толерира нуклеарна закана од Пакистан

August 15, 2025

Десетина кандидати пријавени на огласот за претседател на ДКСК, постапката за селекција и избор продолжува по завршување на локалните избори

August 15, 2025

Охридското Езеро порибено со ендемичниот вид пастрмка обезбедена преку вештачки мрест

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Додик е „корисен идиот“ за Вучиќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk