ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025 10:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонецот е трагичен ко ничеанско магаре што паѓа под товарот што не може да го крене.

Кој го товари?

Вмро, натурлих!

Да живее без Европа и без светот.

И да се храни со алхемичните раствори на својот несреќен премиер односно на несреќата од премиер.

Под таков товар би паднал и коњот на Џеси Џејмс.

Или на Џон Вејн.

Како да ја крене приказната дека Македонија е трета, пета или меѓу најдобрите во нешто.

Од септичката јама во која глисти му лазат по носот.

Дека секој ден напредуваме во сѐ.

Всушност, дека сме најдобри или меѓу најдобрите, во сѐ.

Универзитетите ни ги исфрлија од сите листи и сега во очите на светот сме најсимпатична маса од функционално неписмени луѓе.

Ниту еден народ нема понизок коефициент на интелигенција од Македонците.

80!

Ние сме единствена земја во која цените ги бркаат платите и пензиите и никако да ги стигнат, понеже тој, премиерот, секој месец ги качува платите и пензиите со кои народот ги празни рафтовите по маркетите како пред војна.

Трговците носат стока по повисоки цени, но џабе, Христијан во меѓувреме секогаш ги зголемува платите за повеќе отколку што трговците ги зголемуваат цените и повторно нема „Линд“ чоколади и „Жиганте“ екстрадевичанско масло.

И пашко сирење.

Како сѐ да е бесплатно.

Еве сега излезе меѓународна анкета која покажа дека сме најкорумпирана држава во светот.

Нели е тоа амфетамин за достоинството и идентитетот на македонскиот народ?

Завчера нареди неколку десетици оклопни џипови во телевизиска парада на македонската одбрана.

На која тој мисли и кога спие.

Всушност, не спие од што многу мисли.

На едно место напишав дека тие возила се современ еквивалент на црешовите топчиња од пред сто и дваесет години.

Може да им ги шитне на ловџиите на диви свињи.

Ако не можеме да купиме рафали, можеме да набавиме дронови.

Или да почнеме да произведуваме дронови.

Или предавството без борба да го прогласиме за единствена доктрина.

Не гледам дека има нешто што заслужува да го браниме со своите животи.

Има моменти кога уживам во пицоусните трапавости на премиерот кој нема поим од својата работа и со народот општи како стар вампир со децата од маалото: Лаже, дроби, измислува, додека децата го гледаат и си викаат: каква будала, другари, ај да бегаме, ќе нѐ караат дома!

Но, има моменти кога се сожалувам и себе си и целиот народ над несреќата на чело на државата да имаме еден толку политички хендикепиран човек.

Акомпаниран од несреќата во Шато Водно.

Тоа што тој и таа го зборуваат секој ден е така инфантилно.

Ме обзема неподнослив срам.

Ми делува, нека да се задржиме на машката несреќа, како некој психопатичен и социопатичен, нарцисоиден тип, кој е нон-стоп во потрага по мазна површина на која може да се види колку е убав.

Народот е неговото огледало и тој е огледало на народот.

Што е сигурен знак дека нашите проблеми имаат и медицински основи.

Имам впечаток дека таа мазна површина во последно време е благо, а на моменти и посилно разбранувана, така што и тој и народот се гледаат во својата деформирана и во суштина реална форма.

Имаме нихилисти педагози.

Позитивен банкрот.

Мирна катастрофа.

Пристоен пекол.

Имаме генерал кој е портпарол на пожарите.

Секирацијата и стравот од пожарите се потиснуваат од херојската битка за гаснење на огнената стихија со градинарски цревца.

Лудило!

На кој начин граѓанинот преживува како граѓанин, кога токму граѓанството во него доживеа целосна ликвидација?

Во која смисла и во кој правец може да  се промени оној на кој и смислата и правецот му имаат одлетано?

Македонецот, на пример, кој е како бела мечка која останала без својот мраз.

Само затоа што трчала по вмро мислејки дека е фока.

Курац фини фока!

Кога веќе нема за што да се фати, човекот може да се фати за себе, затоа што начелото на идентитетот „јас сум јас“ не е само темелно начело на логиката, туку е и последна вистина на човештвото; и кога исчезнува сѐ, сепак останува: бев некој, бев таков, а не поинаков; и лојалноста кон себе ни се објавува како последен закон на кој се уште можеме да му се покориме.

Ова гомбровичевско спасение претпоставува дека несреќниот Македонец успеал да го задржи човечкото во себе.

Макар и во некакви траги.

Инаку би се фатил за говно.

Знам дека не изгледа така, но јас мислам дека имаме критична маса на поединци кои во оваа епохална несреќа што ја донесе вмро, се имаат себе си како гума за спасување, како нитроглицерин против срцев удар, како сумамед против смртоносна инфекција.

Слушам дека 130.000 гласачи се откажале од вмро.

Некои од нив се откажале врз основа на тековните разочарувања.

Тоа е еден огромен базен во форма на Македонија, полн со вморонски срања. На луѓето тоа им смрди и тие бегаат зад ридот. Но некои се и подлабоко освестени. Од некаде им доаѓа свест дека грешките не се обични грешки, туку делови од системот кој нив ги третира како бели мечки и им го топи мразот.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Текстот е личен став на Авторот | Сите права се задржани

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk