ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025 13:38
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ

Избирачкото право е основно демократско и човеково право, преку кое граѓаните учествуваат во избор на претставници во државната и локалната власт.

Се дели на две форми:

Активно избирачко право – правото на секој полнолетен граѓанин со државјанство да гласа на избори.

Пасивно избирачко право – правото на секој полнолетен граѓанин кој исполнува законски услови да биде избран за претставник (пратеник, советник, градоначалник и сл.).

Во Северна Македонија, ова право е гарантирано со Уставот и детално уредено со Изборниот законик.

Основни принципи се: еднаквост, општост, тајност и непосредност на гласањето. Претседателот на Републиката, пратениците, членовите на советите и градоначалникот на општината се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

Никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.

Заштита на избирачкото право

Постапката за заштита на избирачкото право е итна. Избирачите на кои им е повредено избирачкото право, според Изборниот законик, член 149, на денот на гласање во рок од 12 часа поднесуваат приговор до ОИК. ДИК е должна да донесе одлука во рок од 2 часа. Против оваа одлука може да се поднесе тужба до Управен суд во рок од 12 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да постапи по тужбата во рок од 2 часа по нејзиниот прием.

Секој избирач на кого му е повредено лично избирачкото право во секоја фаза од изборниот процес, може да поднесе приговор до ДИК непосредно или преку ОИК, во рок од 48 часа.

Исто така, избирачите треба да имаат предвид дека ако одлуката на ДИК по поднесен приговор се однесува на одредено дејствие на избирачкиот одбор или избирачот ги исполнува законските услови да биде запишан во избирачкиот список, a процесот на гласање е во тек, на избирачот ќе му се овозможи остварување на избирачкото право, преку процедура предвидена во посебно упатство донесено од ДИК.

Како да го контактирате ЦИВИЛ?

📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

Вашиот глас има моќ. Искористете ја!

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Ангелов: Се става под контрола пожарот кај бараките „лепенки“ во Карпош, нема информации за повредени

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk