ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Мицкоски со „владините повереници“ сака да го суспендира Уставот и волјата на граѓаните

August 22, 2025 13:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Во очи на локалните избори, премиерот Христијан Мицкоски отворено најавува суспендирање на Уставот и волјата на граѓаните. Неговата изјава за поставување „владини повереници“ претставува директен напад врз уставниот поредок и граѓанската волја, реагираат од СДСМ.

„Ова не е ништо друго освен дрзок обид за узурпација на власта, суспендирање на законите, изборниот процес и заобиколување на граѓанската волја.

Како тоа Мицкоски планира да ја суспендира Државната изборна комисија (ДИК) и да ги преземе нејзините законски надлежности?

ДИК е единствениот надлежен орган за спроведување на изборите, а изборите веќе се распишани и се одвиваат според Изборниот законик.

Ако Мицкоски сака преку своите „повереници“ да спроведува политики без волјата на граѓаните треба да знае дека тоа нема му го дозволат граѓаните.

Тезата  за „збунувачки“ ливчиња поради независни кандидати е апсурдна. И на минатите локални избори имаше голем број на независни кандидати и листи во општините па не беше никаква пречка.

Зошто сега му пречи демократската слобода на граѓаните да се кандидираат и да го дадат својот глас?

Зад најавите за „неуспешни“ избори јасно е дека се крие паниката поради сериозениот пад на довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија мора да има слободни, фер и демократски избори на кои граѓаните јасно ќе ја изразат својата волја!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста да се создаде проблем во изборниот процес со оглед на тоа што независните кандидати можат да учествуваат со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко, но како што истакна, ако тоа се случи и изборите бидат неуспешни Владата има уствно и законско право и можност да именува повереници во општините.

-Се е можно, можно е гласчкото ливче да биде 7 –  8 метри, да ги обесхрабри граѓаните да излезат, да се намали цензусот, но тука закам да предупредам дека согласно Уставот и Законот ако не е успешен избирачкиот процес Владата е таа која именува владини повереници, така што неодговорнто однесување на поединци или поедини политички партии ќе резултира со ваков тип на можности. Сега дали тоа ќе се случи ќе видиме за многу скоро од денеска, до 1 сепетември треба да заврши овој процес и да се види каков ќе биде, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Поврзано: 

Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

Tags: владини поверенициМицкоски
Next Post

Нето-платата во јуни 45 468 денари

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Yon Idy со промоција на „Don’t Break It“ – нов сингл, видео и моќен настап во живо во Скопје

August 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Оскаровецот Хавиер Бардем го осуди Израел: ИДФ се Нацисти!

August 22, 2025

Кац се закани: Градот Газа може да биде уништен, портите на пеколот ќе се отворат над Хамас,

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk