Со откривање на муралот „Бушава азбука“ на 31 август, недела, во 10.30 часот, започнува прославата по повод 40 години од легендарната детска серија. Настанот носи забавно-образовни активности за најмладите и музички сет на диџеј Vishko за возрасните.
На публиката, за првпат, ќе ѝ биде прикажана шпицата за новата анимирана серија „Буквождер“. Во рамки на прославата ќе бидат претставени и првите лиценцирани производи под брендот „Бушава азбука“, кои ќе може да се добијат преку кампањата „Време е за Бушавата азбука“. Со секоја донација граѓаните стануваат сопственици на производи и директно го поддржуваат оживувањето на новите содржини.
Агенда на настанот:
10:30 – Најава на јубилејот и претставување на проектите под брендот „Бушава азбука“
10:45 – Премиера на шпицата за новиот цртан филм „Буквождер“ и најава на кампањата за донации
11:20 – 13:00 – Активности за деца:
• Бушав подарок за секое дете
• Боење на буквите од „Бушава азбука“
• Цртање стенсили со спреј
• Боење букви на лице11:20 – 13:00 – Музички сет на диџеј Vishko
Настанот е организиран од „Види вака раскажувачко студио“, а изработката на муралот е поддржана од Општина Центар.