Младот триатлонец и пливач Јован Кутаноски утре ќе плива во водите на Охридското Езеро од Струга до Радожда, патека во должина од девет километри.
Пордвигот е во организација на Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга, месна заедница Радожда, со поддршка од црковниот одбор од Струга, во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица.
Кутаноски, кој, како што информира организаторот, по потекло е од Радожда, со таквиот чин сака да поттике изградба на црква кај параклисот, Воведение Богородично во близина на Женска плажа.
– Тргнувањето ќе биде од Женска плажа, веднаш по завршување на службата, а целта е црквата Света Недела во Радожда. Сите кои што сакаат да го дружат во текот на пливањето истото можат да го направат, а оние кои што сакаат да го пратат во вода додека плива може да го направат со кајче, стои во информацијата на Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга.