Кошаркарските репрезентации на Србија, Литванија, Германија и Турција со убедливи победи стартуваа на Евробаскетот, кој се одржува во Финска, Полска, Латвија и Кипар.
По првата четвртина, Србија веќе имаше 20 поени разлика (32-12) против Естонија и рутински го одигра остатокот од натпреварот, триумфирајќи со 98-64 во натпреварот од Групата А одигран синоќа во Рига.
Никола Јокиќ го предводеше победничкиот тим со 18 поени, четири скокови и шест асистенции, додека Алекса Аврамовиќ постигна 13 поени. Кај Естонците, најефикасни беа Анри Дрел со 11 и Артур Кононцук со 10 поени.
Без проблеми стартуваше и Турција, која победи против Латвија со 93-73. Чеди Осман ја предводеше Турција со 20 поени, еден повеќе од Кенан Сепахи.
Во првиот натпревар од оваа група, Португалија ја победи Чешка со 62-50.
Во Групата Б, која се игра во Тампере, победи забележаа Германија, Литванија и Финска.
Литванија ја победи Велика Британија со 90-74, Германија ја совлада Црна Гора со 106-76, додека во најинтересниот натпревар на вечерта, Финска славеше со 93-90 против Шведска.
Денеска на програмата се воведните натпревари во групите Ц и Д
Во Лимасол, кошаркарите на Грузија ќе се соочат со Шпанија, Босна и Херцеговина ќе игра против домаќинот Кипар, а Грција ќе се соочи со Италија, додека во групата Д Израел ќе игра против Исланд во Катовице, по што ќе следи натпревар помеѓу Белгија и Франција, а вечерта ќе играат Словенија и домаќинот Полска.
РЕЗУЛТАТИ:
Група А (Рига)
Чешка – Португалија 50-62
Латвија – Турција 73-93
Србија – Естонија 98-64
Група Б (Тампере)
Велика Британија – Литванија 70-94
Црна Гора – Германија 76-106
Шведска – Финска 90-93.