ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Мајка“ на Теона Митевска премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал

August 28, 2025 12:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: Агенција за филм

Фото: Агенција за филм

Долгометражниот филм „Мајка“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска беше премиерно прикажан на 81.
Венецискиот филмски фестивал, отворајќи ја престижната селекција „Хоризонти“.

Филмот раскажува интимната и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година – во мигот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред. Главната улога ја игра светски познатата актерка Номи Рапас, која ја толкува идната Мајка Тереза како сложена, човечна и противречна личност – исполнета со амбиција, сомнежи и силна жед за слобода.

Актерската екипа ја сочинуваат и Никола Ристановски во улогата на отец Фредерик, Силивија Хукс како сестра Агнешка, како и Екин Чорапчи, Марајке Пиној и Лабина Митевска.

Сценариото е на Гоце Смилевски, Теона Стругар Митевска и Елма Татарaгиќ, а зад камерата е наградуваната белгиска директорка на фотографија
Виржини Сен-Мартин (SBC).

Првите критики по премиерата во Венеција го оценуваат филмот како „смело и современо филмско портретирање“ и „најкомплексното остварување на Митевска досега“.

– „МАЈКА не е класичен биографски филм, туку обид да се прикаже една жена – Мајка Тереза – како сложена, повеќеслојна личност, далеку од клишеата на насмеаната светица. Доаѓајќи од истата земја и град, чувствував длабока поврзаност со историскиот лик – и восхит кон нејзината храброст и решителност. Но, се запрашав: зошто мажите во историјата сме ги претставувале во најразлични светла, славени и во нивното добро и лошо, а жените речиси секогаш еднодимензионално? Со МАЈКА сакав да дадам нова перспектива, и да портретирам женска историска фигура прикажана без идеализации, туку со својата автентична сила, амбиција и противречности. Во таа смисла, МАЈКА е филм за слободата – и за храброста на една жена да биде различна, и покрај сите ограничувања на своето време, изјавила Теона Стругар Митевска за време на прес-конференцијата во Palazzo del Casino.

За главната протагонистка Номи Рапас, прифаќањето на оваа улога било неверојатен предизвик и патување.

– Со месеци живеев со МАЈКА во мене, низ многу емоции и внатрешни битки. Се нурнав во нејзиниот свет преку истражувања – читав многу, и позитивно и негативно, ги проучував нејзините писма, Библијата и Куранот, се обидував да го разберам времето и местото во кое делувала. Она што го гледате на екранот е мојата Тереза – не копија, туку обид да ја пронајдам вистинската личност зад митот. Соработката со Теона беше апсолутно прекрасна. Имавме искрена и силна врска, работевме без его и ја создадовме нашата Мајка Тереза заедно. Тоа беше двегодишно патување кое ми донесе нови перспективи и длабоко ме збогати, истакнала Рапас.

Уште пред премиерата, филмот беше продаден за кино-дистрибуција во над 15 европски земји, меѓу кои Франција, Германија, Италија, Шпанија, Данска, Шведска, Норвешка, Полска, Чешка, Финска и Белгија. Од 3 декември, филмот ќе почне со кино-прикажување низ Европа.

По премиерата во Венеција, филмот продолжува на своето фестивалско патување низ Европа и светот, а за македонската публика ќе биде прикажан на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, од 20 до 26 септември во Битола.

– Со оваа премиера, македонската кинематографија уште еднаш направи голем исчекор на светската сцена. Отворени се вратите кон нови можности, а патот кон меѓународен успех е трасиран – не само за филмовите на Теона, туку и за новите млади генерации кои доаѓаат, вели директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски.

„Мајка“ е копродукција на Северна Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина, во продукција на Лабина Митевска и Себастиен Делое, со извршни продуценти Номи Рапас и Силвија Хукс. Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Шведскиот филмски институт, Данскиот филмски институт, Центарот за кино на Федерацијата Валонија-Брисел и повеќе европски фондови.

Tags: ВенецијамајкаТеона Митевска
Next Post

Меџити со мотото „Само за ТЕБЕ Чаир“ ќе учествува на локалните избори

НАЈНОВО

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025

Во Албанија учениците од четврто одделение ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција

August 28, 2025

Ослободителната пресуда за Блатер и Платини стана конечна

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk