ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царинска управа заплени лекови, објективи за камери, цигари и маслиново масло

August 29, 2025 12:45
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар, информираат од Царинската управа.

Вкупно 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени биле од страна на царинските службеници од ЦИ Богородица, пронајдени по извршен детален преглед во задниот дел во багажниот простор во ПМВ Ауди А8 со косовски регистарски таблички управувано од страна на косовски државјанин пријавен за влез во државата на царинска испостава Богородица.

Непријавената стока била покриена со заштитна навлака за одело, врз која биле ставени три патни торбици со личен багаж. Вредноста на непријавената стока е 664.200,00 денари, истата е привремено одземена од лицето, а против сторителот до надлежното ОЈО е поднесена кривична по чл. 278 (криумчарење) од КЗ.

Царинската управа открила и 63 пакувања со разни лекови и медицински материјали (сирупи, таблети, чепови, спрејови, клизми, ленти за бандажирање и друго), откриени од страна на мобилни царински тимови, пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

-Откриени се и четири објективи за камери, марка ARRI Signature Prime, пронајдени во куфер сместен во багажникот на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Вредноста на објективите изнесува 4.808.700 денари, а избегнатите давачки изнесуваат 1.149.279 денари, како и 60 ремени за затегнување на товар, откриени од страна на мобилни царински тимови пронајдени во багажникот на автомобил со австриски регистарски таблички, со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се вели во денешното соопштение од Царинската управа.

Оттаму информираат и оти при проверки биле откриени 30 штеки цигари без акцизни маркички,во три одвоени случаи, при контрола на три возила управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Дојран.

-Во првиот случај, во две најлонски кеси сместени под креветот во кабината на камион со косовски регистарски таблички, биле пронајдени 18 штеки цигари MARLBORO, со вредност 25.200 денари и избегнати давачки во износ од 35.972 денари. Во вториот случај, во фабричка преграда во кабината на камион со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари KARELIA L BLUE, со вредност 5.676 денари и избегнати давачки во износ од 9.317 денари. Во третиот случај, под предните седишта и на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари PS, со вредност 4.320 денари и избегнати давачки во износ од 9.714 денари. – 17 штеки цигари без акцизни маркички, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два автомобили со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 штеки цигари OME и LM. Вредноста на цигарите изнесува 7.200 денари а избегнатите давачки изнесуваат 14.172 денари. Во вториот случај, исто така во багажникот на вториот автомобил, биле пронајдени 9 штеки цигари MALBORO, OME и PS, со вредност 9.077 денари и избегнати давачки во износ од 16.909 денари, велат од Царинската управа.

Исто така, во редовни контроли биле откриени и 472 лименки со вкупно 153 литри маслиново масло, пронајдени во просторот за резервна гума како и во повеќе кутии и торби сместени во внатрешноста и во багажниот простор на автомобил со словенечки регистарски таблички управуван од словенечки државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Вредноста на производите изнесува 60.000 денари а избегнатите давачки изнесуваат 10.800 денари.

Откриени биле и 250 маски за мобилен телефон  „IPHONE’“ пронајдени на ЦИ Деве Баир за влез во државата во товарно моторно возило со бугарски регистарски ознаки.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

За викендот нестабилно време, можни се силни грмежи и врнежи од дожд

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk