ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дел од раководството на Партијата на пензионерите: Ја напуштаме коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваме со СДСМ

September 1, 2025 15:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Дел од раководството на Партијата на пензионери на централно и локално ниво, заедно со членови и поддржувачи од повеќе општински организации, денеска објавија дека на претстојните локални избори ќе продолжат со поддршка на досегашниот коалициски партнер – Социјалдеомкратки сојуз (СДСМ).

-Со СДСМ делиме исти идеолошки вредности, имаме компатибилни програмски цели и пензиски политики, и соработуваме на принципиелни основи. Наш приоритет останува правично, стабилно и долгорочно остварување на интересите на пензионерите во земјата, изјави потпретседателот на Партијата на пензионери, Миле Андоновски.

На денешната прес-конференција во Скопје тој соопшти дека во наредните денови, претставници на партијата ќе остварат директен контакт со локалните изборни штабови на СДСМ и коалицијата, со цел активно вклучување во нивните предизборни и изборни активности.

На прашањето што доколку останатиот дел од раковоството и членството на партијата не се согласува со нивната одлука, тој рече дека тогаш би дошло до поделба на партијата.

Истовремено, од партијата информираат дека Одлуката на Извршниот одбор за отпочнување коалициска соработка со ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлива, поради, како што велат, бројни критики, разочарување и револт меѓу членството. Како главни причини за отфрлање на оваа одлука се наведуваат несоодветното образложение, потенцијалното фаворизирање на лични политички амбиции на поединци, како и идеолошките разлики и несогласувања во пензиските политики меѓу двете партии.

-Нелогично е преминувањето преку постоечките разидувања во идеологијата и прокламираните пензиски политики и мерки на ВМРО-ДПМНЕ со идеологијата и пензиските политики на ПП утврдени во Програмата на Партијата, што води кон обезличување на ПП и губење на нејзиниот политички идентитет, рече меѓу другото Андоновски.

Партијата, исто така, упати критика кон, како што велат, „популистичките пензиски политики на актуелната власт“, меѓу кои ја наведоа мерката за линеарно зголемување на партиите, кои ги оценуваат како обид за предизборен поткуп на пензионерите.

Tags: Партија на пензионери
Next Post

Шукова: За две до три години во Скопје ќе биде пуштена првата линија на БРТ

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk