ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 800 загинати и 2.500 повредени по земјотресот во Авганистан

September 1, 2025 13:21
in ДЕНЕС, СВЕТ, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 800 лица загинаа, а повеќе од 2.500 се повредени во земјотресот што ја погоди североисточната авганистанска провинција Кунар, соопштија властите.

– Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди источен Авганистан во близина на границата со Пакистан, при што загинаа над 800 лица, а околу 2.500 се повредени, соопшти портпаролот на авганистанската влада, Мавлави Забиула Муџахид.

Тој истакна дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачките операции сè уште се во тек.

Спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините, а повредените се евакуираат со хеликоптери во побезбедни области. Министерството за здравство соопшти дека три села се целосно разрушени, а многу други се со големи оштетувања.

Таминдри де Силва, национален директор на „World Vision Afghanistan“, изјави за „Ал Џазира“ дека долината Мазар е епицентар на земјотресот, при што едно село е целосно уништено. – Ова е еден од најоддалечените и најсиромашните делови на Авганистан, со минимална инфраструктура, ограничен патен пристап и без здравствени установи или училишта, рече таа, додавајќи дека куќите, главно изградени од кал и без цврста конструкција, лесно се уриваат при земјотреси, што доведува до голем број жртви закопани под урнатините.

– Времето е клучно во оваа ситуација, нагласи Де Силва

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази „целосна солидарност со народот на Авганистан“ по катастрофалниот земјотрес и упати длабоко сочувство до семејствата на жртвите, посакувајќи брзо закрепнување на повредените.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, понуди хуманитарна помош, вклучувајќи медицински материјали. „Во овие тешки моменти и голема трагедија, изразуваме искрено сочувство и солидарност со народот на Авганистан и семејствата на жртвите. Иран е целосно подготвен да испрати хуманитарна и медицинска помош“, се посочува во соопштението од Кабинетот на  Арагчи.

Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил непосредно пред полноќ по локално време. Куќите направени од кал и дрво се урнале, а хеликоптери се испратени за евакуација на повредените. Има извештаи за последователни потреси почувствувани во соседен Пакистан, па дури и во Индија.

Светските хуманитарни организации и соседните земји се мобилизираат за да обезбедат итна помош за погодените области, каде условите за спасување остануваат исклучително тешки поради недостигот на инфраструктура.

Tags: Авганистанзенјотрес
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Баер Леверкузен го отпушти Тен Хаг

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk