ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Бајага и Инструктори настапуваат на 7 септември на Get EXITed во Струмица

September 3, 2025 11:31
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: EXIT Promo

Фото: EXIT Promo

Share on FacebookShare on Twitter

Една од најголемите и највлијателни поп-рок групи на Балканот, Бајага и Инструктори, пристигнува во Струмица на 7 септември за да го одбележи својот голем јубилеј – 40 години кариера. Нивниот настап е дел од Get EXITed забавата, која ќе се одржи во Големиот градски парк, каде се очекуваат илјадници фанови желни за безвременски рокенрол химни.

Откако минатата година величествено одбележаа четири децении постоење, бендот ја продолжува својата турнеја, носејќи ја препознатливата енергија и страст што ги прави еден од најдолговечните и најомилени состави во регионот.

Патот на групата започнува во 1984 година, кога срамежливиот гитарист и член на „Рибља Чорба“, Момчило Бајагиќ Бајага, го издаде деби албумот „Позитивна географија“. Иако малкумина веруваа во успех, албумот донесе хитови како „Мали слонови“, „Текила-Герила“ и „Берлин“, кои веднаш ја освоија публиката со својот ведар дух.

Само пет години подоцна, со четири објавени албуми и бројни хитови како „Ти се љубиш“, „Од другата страна на перницата“ и „Руски воз“, Бајага и Инструктори веќе имаа статус на култна група. Нивната музика продолжи да се развива низ годините, а албумите како „Музика на струја“ и „Змеј од Ноќај“ покажаа дека бендот умее да експериментира, но секогаш останувајќи верен на својот уникатен стил.

Концертите низ цела Европа, па дури и во Њујорк, покажаа дека нивната музика ги надминува границите и дека Бајага и Инструктори се вистински регионален и меѓународен феномен.

Бајага се позиционираше како еден од најважните автори на овие простори, со над 170 напишани песни, од кои многу станаа хитови во изведба на други артисти. Негови композиции, како „Моја драга“ и „Твоите очи“, станаа евергрини во репертоарот на Здравко Чолиќ, додека „Отворена врата“ беше голем хит на Бисера Велетанлиќ.

Со 11 студиски албуми и десетици синглови, Бајага и Инструктори денес претставуваат еден од најплодните состави на регионалната сцена. Нивната музика одамна ги надмина музичките трендови и стана дел од колективната меморија на генерации.

Настапот на Бајага и Инструктори на Get EXITed забавата во Струмица ќе биде потврда дека рокенролот сè уште живее, обединувајќи ги сите генерации во една иста енергија и заедништво.

Tags: Get EXITedБајага и ИнструкториСтрумица
Next Post

Германија предводник во Европа по нови ветерни електрани

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk