На 13 септември, со почеток во 19 часот на спортскиот аеродром во Прилеп, ќе се одржи AirFlow Music Festival, кој носи силна хуманитарна порака.
На фестивалот ќе настапат The Hounds, Maci Stojanovic b2b Vishko, Andrew Meller и Room313, а публиката ќе може да ужива во цела ноќ исполнета со музика и дружење.
Влезниците се веќе во продажба по цена од 300 денари, и можат да се купат онлајн преку платформата kupikarta.com или на локации кои дополнително ќе бидат објавени на официјалниот Инстаграм профил на фестивалот.
Организаторите најавуваат дека сите средства собрани од продажбата на карти и од спонзорите ќе бидат донирани за потребите на повредените од пожарот во Кочани, преку организацијата Support Kocani и Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Обезбеден е автобуски превоз од хотел Липа до спортскиот аеродром за цело време на одржување на фестивалот.
Редакција Фронтлајн