ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Родителите на починатите во „Пулс“ на протест во Кочани: Бараат правда и брза судска одлука

September 6, 2025 22:51
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ денеска излегоа на 21 протестен „Марш за ангелите“ низ улиците на Кочани. Тие и овој пат ја поминаа добро позната маршута, од „Паркот на Револуцијата“, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, покрај  Управата за јавни приходи и зградата на полициската станица до Основниот суд и Обвинителство, од када им се обратија на судиите и обвинителите во врска со постапката за оценка на обвинителниот акт за трагедијата во „Пулс“.

-Како што сме упатени практично оваа фаза може да трае и повеќе месеци, но одолговлекување без оправдана причина е спротивно на законот и претставува основ за реакција од страна на нас оштетените или јавноста. Оценка на обвинителен акт нема строг рок, но должност е да одлучите во разумен рок. А поминаа скоро 3 месеци од како е донесен обвинителниот акт , приговорите од обвинетите се поднесени и единствено се чека од Вас – оценка на обвинителниот акт. Затоа, ве молиме да ни доставите информација  дали постои одреден рок во кој Советот е должен да донесе одлука и доколку не, ве молиме да укажете кога приближно може да се очекува завршување на оваа постапка, имајќи го предвид начелото за постапување во разумен рок (член 6 од ЗКП), запраша Розета Џамова, сестра на еден од починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Во меѓувреме, истрагата за трагедијата во „Пулс“ се прошири, откако вчера Обвинителството поднесе нов обвинителен акт против уште едно лице во врска со пожарот во дискотеката во Кочани. Новообвинетиот, реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити Солушн“, се товари за тешки дела против општата сигурност, поради сериозни пропусти во организацијата и спроведувањето на мерките за заштита во објектот. Обвинението е поднесено до Основниот кривичен суд Скопје, а обвинителството бара продолжување на сите претходно определени мерки за обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на постапката. 

Tags: КочаниПулс
Next Post

Фабриката „Винчини“ во Виница зафатена од пожар

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk