Хеликоптер се урна во близина на аеродромот Ерлејк, кај градот Лејквил во американската сојузна држава Минесота, при што нема преживеани, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила вчера околу 14:45 часот по локално време, но не е познато колку луѓе се наоѓале во леталото, јави „Си-Би-Ес њуз“.
Во несреќата не биле повредени лица на земја.
Истражители од Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB) и Федералната управа за воздухопловство ќе ја водат истрагата.