ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Армијата патролира по улиците на Катманду по насилните протести

September 10, 2025 09:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Непалската војска продолжува да патролира по улиците за време на неограничениот полициски час во Катманду, по дводневните протести против корупцијата во кои беа убиени најмалку 21 лице, а премиерот КП Шарма Оли поднесе оставка.

-Прво се обидуваме да ја нормализираме ситуацијата. Посветени сме на заштита на животите и имотот на луѓето, изјави портпаролот на армијата, Раџа Рам Баснет.

Не се пријавени протести во Катманду, но локалните медиуми објавија дека се приведени околу 25 лица кои се обидувале да „направат проблеми“ на периферијата на главниот град.

-Тука нема демонстранти. Само неколку луѓе одат по улицата. Тука е мирно, изјави жител на градот, пренесен од британските медиуми.

Непалските медиуми објавија дека се прават подготовки за разговори меѓу властите и демонстрантите, но повеќе детали сè уште не се познати.

Претседателот на Непал, Рам Чандра Паудел, вчера ги повика сите страни, вклучително и граѓаните што протестираат, да бараат мирно решение преку дијалог за актуелното движење на генерацијата Z.

Апелот дојде во екот на насилните демонстрации во кои најмалку 21 лице беше убиено, а стотици беа повредени кога безбедносните сили отворија оган врз демонстрантите пред парламентот на Непал.

Демонстрантите подоцна упаднаа во клучните владини институции, вклучително и Канцеларијата на претседателот, додека сопругата на поранешниот непалски премиер Џала Нат Канала почина откако жива изгоре кога нејзината куќа беше запалена.

Регионалните медиуми објавија дека тројца полицајци биле линчувани и покрај тоа што го положиле оружјето откако биле нападнати од демонстрантите.

Непалската армија претходно јавно апелираше до граѓаните, особено до младите, да покажат воздржаност и да го зачуваат историското и културното наследство на нацијата во овој период на немири.

Tags: Непалпротести
Next Post
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп јавно го критикува Израел за нападот во Доха

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk