ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕП: ЕУ мора да се подготви за прием на нови членки

September 24, 2025 08:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Паралелно со пристапните процеси на кандидатите за членство во ЕУ, самата Унија мора да ги спроведе неопходните внатрешни реформи со што ќе стане поинтегрирана, поефикасна и подемократска, помалку ќе се придржува до консензусот при носење и ќе обезбеди посилна улога на Европскиот парламент.

Ова се наведува во Извештајот за институционалните последици од преговорите за проширување на ЕУ, што синоќа го усвои Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент со 18 гласа „за“, девет „против“ и ниту еден „воздржан“.

Во Извештајот, подготвен од европратеникот Сандро Гоци од либералната партија Италија Живее (ИВ), се предлага повторно воведување на механизмот за „статус на набљудувач“ за земјите кандидати за членство и се наведува дека на Унијата и се потребни нови финансиски ресурси и прилагодена институционална поставеност со цел да биде посилна и да може да се прошири.

– Проширувањето е историска обврска и стратешки приоритет за ЕУ, се наведува во Извештајот, при што се додава дека тој процес мора да остане заснован на заслуги и дека земјите кандидати за членство мора да ги почитуваат европските вредности.

Европратениците предлагаат и спроведување на кампањи за поттикнување и одржување на довербата во јавноста за придобивките од проширувањето и за спротивставување на ширењето дезинформации и на странското мешање, Исто, така се потенцира и важноста на меѓупарламентарната соработка и поддршката од Европскиот парламент во градењето консензус и спроведувањето на реформите поврзани со пристапувањето.

Во документот посебно се нагласува и потребата од промени во начинот на одлучување во Унијата, особено преку намалување на потпирањето на принципот на консензус меѓу земјите членки при носењето одлуки во Советот на ЕУ, односно Европскиот совет. Отстапувањето од принципот на консензус, според европратениците, посебно би требало да важи за одлуки поврзани со заштита на вредностите на ЕУ.

Извештајот, исто така, предлага и „прилагодување на големината и функционирањето“ на Европскиот парламентот, Советот на ЕУ и Еврокомисијата, со цел да се зголеми ефикасноста, да се обезбеди демократска застапеност и да се заштити институционалната рамнотежа во идната проширена Унија. При тоа, посебно се нагласува потребата од зголемување на улогата на Европскиот парламент како козаконодавец и буџетски орган.

Според известувачот Гоци, Извештајот јасно става до знаење дека вистинското прашање не е дали Европската Унија треба да се прошири, туку како да се обезбеди нејзино зајакнување со проширувањето.

– Цената на непреземањето ништо е едноставно превисока и премногу ризична. Реформите повеќе не се избор, туку итна потреба. Нашите предлози поставуваат пат за поефикасна, демократска и моќна Унија, способна да дејствува побрзо, да зборува во еден глас и да ги застапува граѓаните. Мораме да ја реформираме Унијата, за да ја обединиме Европа, оцени Гоци.

Извештајот сега треба да биде ставена на усвојување на пленарната седница на ЕП што ќе се одржи од 20 до 23 октомври во Стразбур, по што европратениците очекуваат тој да биде земен предвид при подготовките на претстојните реформи на ЕУ и при анализите на политиките на Комисијата за проширувањето.

Според Европскиот парламент, се очекува реформите поврзани со подготовките за членство во ЕУ да ја поттикнат стабилноста и да го зајакнат владеењето на правото во земјите кандидати и воедно да и обезбедат на Унијата заштита и ширење на своите фундаментални вредности.

Во однос на самото проширување, се посочува дека тоа донело значителни економски придобивки во сите нови членки, при што земјите кон пристапија во ЕУ во 2004 година во изминативе 20 години во просек остварија раст на БДП по глава на жител за 30 отсто. Се проценува дека идните проширувања би донеле прилив од 10.000 милијарди американски долари во БДП на ЕУ до 2035 година и би го намалиле економскиот јаз меѓу Европската Унија и САД.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕПЕУнови членки
Next Post

Сијарто: Нема да се откажеме од руската нафта

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Слот потврди – Ливерпул во целост ќе го исплати договорот на семејството на Диого Жота

September 26, 2025

(ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

September 26, 2025

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk