ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Иванов: Новинарите ја промашија улогата, медиумите се во скутот на власта

September 24, 2025 14:12
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ Медиа

Фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

„Не може секој да биде новинар. Новинар е оној што има дигнитет и знае да каже ‘не’ на главниот уредник. Тоа е карактерна категорија“, вели новинарот Зоран Иванов и уредник во НОВА ТВ.

Според него, секое време е погодно за новинарство, но секогаш ќе постојат и новинари асови и „не-новинари“. Професијата е постојана борба, особено во редакциите, каде денес ретко се разговара за новинарството и дневните теми.

Во интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА, Иванов вели дека медиумите не се неслободни, туку дека „не се слободни новинарите – по сопствен избор“. Тој укажува на сервилноста кон политичарите, бенигните прашања и недостигот од критички пристап, особено на влијателните национални телевизии кои не ги поставуваат вистинските прашања и не бараат одговорност.

„Влијанието е огромно на медиумите, но тие се заспани, се во скутот на власта. Не знам дали имаат сила медиумите да направат некој пресврт во општеството. Идат избори, граѓаните да сфатат што е вистина, а што е лага. Тоа е обврска на медиумот, а тоа не го прават. Нашите медиуми со чест на исклучоци пливаат во лагите на политиката и уживаат во таа комоција“, вели Иванов.

Во врска со надворешните влијанија, Иванов оценува дека Македонија е интересно подрачје и за српскиот, но особено за рускиот свет. Според него, се отвораат се повеќе портали со јасна идеолошка наклонетост кон руската политика. Проблемот го гледа кај сопствениците и уредниците, кои свесно одбираат новинарски екипи подготвени да ја следат таа насока.

„Луѓе со дигнитет нема да прифатат да работат во таква средина, за да го спасат образот на новинарството“, додава тој.

За иднината на медиумите Иванов е скептичен. Тој смета дека новинарството ја промашува својата демократска улога – наместо да ги разобличува лагите и манипулациите на политичарите, дел од медиумите уживаат во „комоцијата“ на власта. Истовремено, интересот за професијата опаѓа, факултетите затвораат катедри, а дополнителен притисок врши и вештачката интелигенција.

„Новинарството е професија на карактер. Мора да имате достоинство, интегритет и сила да кажете ‘не’. Само така може да се зачува честа на професијата и да се изгради општество со вистински вредности“, порача Иванов до младите новинарки и новинари.

Биљана Јордановска

камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Напад на флотилата во меѓународни води, Италија бара почитување на меѓународното право

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk