ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

September 26, 2025 21:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сотир Лукроски е вистинскиот избор за Карпош. И него го знам колку што се знам себе си. И најдобро знам за каков човек се работи. Сотир има програма што не е само хартија со ветувања. Тоа е мапа за вистински промени – чисти улици, зелени маала, модерни училишта, нови простори за спорт и култура. Секој жител ќе го почувствува градоначалникот во своето маало, во секој разговор и секое дело. Она што најмногу го издвојува е неговата способност да обединува – да поврзува луѓе, да ги слушне нивните идеи и да создава широк тим што ќе работи за Карпош. Тоа е модерно лидерство, тоа е дух на новата генерација, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на промоцијата на Лукроски за кандидат за градоначалник на општина Карпош.

Затоа, истакна тој, победата овде нема да биде само изборен резултат, туку јасна порака дека Скопје може да се прероди, дека духот на Карпош, духот на слобода и независна мисла, повторно ќе заживее. Карпош ќе ја има мојата поддршка, и заедно  Владата и општината, додаде ќе направат многу работи заедно.

-Денес гледам најголема критика за нашиот кандидат е дека ми бил другар. Замислете, мислеле таму што да нападнат затоа што не можат да кажат ништо друго, се работи за квалитетен човек и успешен човек надвор од политиката, нешто за кое еден од неговите против кандидати кој бара сламки за спас, не може да се пофали затоа што тој човек сè што има е благодарение на политиката, интригите, недоличното однесување полно со гнев, фрустрација, со кавгаџиството, и никако не можел да смисли нешто што е критика за Сотир освен дека ми е другар. Јас со гордост можам да кажам дека ми е другар. Од детство. И токму затоа можам и да тврдам дека го познавам добро и дека знам дека никогаш нема да ги изневери карпошани. Тој е професионален, одличен менаџер со успешна кариера во приватниот сектор и има капацитет и што е најважно визија што сака да направи, програма и план како да работи и што да работи. Знае од кај да почне, знае што недостасува и што сака да направи да биде подобро за сите граѓани. И да, тој ми е другар, како што ми се другари и Орце за Скопје, Аце, Боби, Даре, и многу во партијата кои освен соработници ми се и другари, тим со кој работам и ќе работам посветено и заеднички на развој на државата и општините, рече Мицкоски.

Тоа, додаде, не им поминува и не само што не им е логично туку само демонстрираат сериозен страв и паника. Според него, не може таа паника да се сокрие преку кавгаџиски и невоспитани навреди и видеа, не може да се сокрие ни преку нарачките за напади лични и вулгарни против него и неговите соработници и пријатели и семејство.

-Без разлика дали нападите доаѓаат од СДС или Стефче кој е сличен со нив по убедување и нарав и на кого местото му е таму, сепак јасно е дека зад тие напади се крие страв, страв од политички неуспех и крај на лични кариери и можност да се видат јасно сите нивни скандали, криминали и махинации со општината но и со централната власт до пред една година. Затоа што време на отчетност доаѓа за сите, времето на правдата доаѓа. Нема да го спречи или сокрие тоа ни личен напад ниту измислување на теми како резолуцијата за Бугарија каде јасно се гледа намерата на Филипче и неговиот гуру. Сè ќе биде јавно и транспарентно и ќе стане сè на очиглед на сите и од тоа е стравот. Ние се навикнавме на навреди. Ако видите наназад минативе години што не кажаа за мене, и што не употребија да го спречат нашето доаѓање на власт. И џабе. Народот го кажа своето. Одбра промени кои неминовно доаѓаат. Истo како што ќе дојдат промени во Карпош, општина во која ќе има многу проекти, многу добри мерки за граѓаните, директна помош, и инвестиции во инфраструктура, образование, екологија, организирање на општината… ќе биде добро, Карпош заслужува повеќе од ова досега. И неправедно е Карпош заложник на истиот ментален склоп на поединци кои не заслужуваат нова шанса. Гласот за СДС и Стефче е глас за Венко Филипче и нивно овозможување да добијат општина кон која ќе се однесуваат како што знаат и како што гледавме минативе години во државата, истакна Мицкоски.

Во врска со другите кандидати во Карпош, како што потенцира, сакаат да соработуваат со луѓе со кои ќе најдат заедничка платформа. Сотир, нагласи, е човек кој е широк и знае да оцени квалитет, да прифати идеи, сугестии, да направи широк тим со кој заеднички ќе создаваат дела и проекти за Карпош.

-Карпош мора да оди напред со промени, со нова енергија, со нова посветеност и одговорност. Со модерен човек кој дише со Карпош и живее за Карпош. Затоа ве повикувам да се мобилизираме и да излеземе масовно на изборите да гласаме за вистинскиот избор кој нема да ве изневери, за Сотир Лукровски, човек во вистинска смисла на зборот, од твоето место и за твоето место, кој ќе работи за твојата иднина. Карпош не е само општина – Карпош е емоција. Секоја улица, секое маало носи спомени, приказни и луѓе со кои сме израснале. Ова е срцето на Скопје – од Дебар Маало, преку блоковите во Тафталиџе, до парковите во Злокуќани. Карпош е душата на градот, а таа душа заслужува нова енергија. Карпош мора да престане да биде жртва на политиканството и корупцијата. Време е да стане симбол на чесност и напредок. И тоа ќе го направиме со Сотир. Време е Карпош да добие нова енергија, време е за нова посветеност и одговорност. Затоа ве повикувам – масовно излезете на изборите, гласајте за вистинскиот избор, за човек што нема да ве изневери. Гласајте за Сотир Лукровски – човек од Карпош, за Карпош. Карпош заслужува повеќе. Да славиме заедно голема победа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукоски во обраќањето на промоцијата истакна дека кога се зборува за Карпош, се зборува за заеднички дом.

-Сите ние имаме еднакви емоции кога зборуваме за Карпош. Низ овие улици беа нашите први излегувања, нашите први симпатии, првите другарувања, расправии… тука во Карпош се градеше нашиот карактер. Но мора да биде искрени дека многу малку остана од тој Карпош во кој ние пораснавме, истакна Лукровски.

Лукровски додаде дека во Карпош има сериозни проблеми, а како најголем ја наведе нехигиената.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЛукароскиМицкоски

НАЈНОВО

Ердоган: Постигнавме „заедничко разбирање“ со Трамп за примирје и траен мир во Газа

September 26, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп: Блиску сме до договор за Газа, крај на војната и враќање на заложниците

September 26, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

СДСМ: Скринингот кој го побаравме за Трубарево покажа дека граѓаните се труеле, кој ќе поднесе одговорност

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk