СДСМ и коалицијата го објави распоредот, саатницата и местата за секој ден за време на целата кампања.
Централните настани ќе бидат во 18:30 часот и во 20:00 часот. На овие два настани караванот го предводи претседателот на СДСМ и лидер на Коалицијата , д-р Венко Филипче кој ќе има обраќање, заедно со кандидатите за градоначалници од општините, истакнуваат од СДСМ.
„Од двата настани ќе има пренос во живо на официјалните канали на СДСМ и на претседателот Венко Филипче. Пред овие два настани претставници на СДСМ и коалицијата ќе бидат помеѓу граѓаните на други општини тие се содржани во овој распоред“, се нагласува во соопштението од СДСМ.