ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Локални избори без локални теми: Мицкоски зборуваше за ’финална битка за Македонија’, Бугарија, ’црвени линии’, нефункционално правосудство и длабока држава

September 30, 2025 12:49
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (29.09.2025) / Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје (29.09.2025) / Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Наместо за локални прашања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на централниот митинг во Скопје најмногу зборуваше за „судбината на Македонија“, национални теми и политички пресметки со СДСМ, ДУИ и Левица, наместо на локалните проблеми со кои се соочуваат скопјани.

Тој изборите ги претстави како „финална битка“ за државата, критикувајќи ја резолуцијата на Венко Филипче и најавувајќи реформи во правосудството. Во говорот главно се слушнаа поенти за „црвени линии“ и „длабока држава“, но речиси ништо за секојдневните проблеми на скопјани – сообраќај, отпад, загаден воздух или инфраструктура.

„Овие избори не се само обични локални избори, туку тие ќе бидат одлука за тоа каква Македонија сакаме да имаме, каква држава сакаме да градиме и какви пораки ќе им се испратат на оние кои уриваат, наместо да градат. Знам дека во таа битка ќе победиме, Македонија ќе победи“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на централниот митинг во Скопје.

Денес, рече тој, стои скромно и искрено како на почетокот од неговата улога, порачувајќи дека нема да ги разочара граѓаните и оти заедно ќе победат за децата на Македонија.

„Одиме заедно до победа. Затоа што овие избори се одлука за тоа каква Македонија ќе победи. Има и такви кои живеат од татковината, и ние – народот – кои живееме за татковината. Колку и да една тесна, мала клика – која ги направи сите неморални коалиции и поврзувања – е спремна да направи сè за да дојде на власт, вечерва сите тие и сите нивни слуги, кои сакаат Македонија да ја држат уценета, клекната и понижена, го добиваат одговорот. А одговорот сте вие – народот на Македонија. Немојте да се залажуваме дека ова се само обични локални избори, ова се избори за финалната битка за тоа каква држава сакаме. Ова се избори за тоа каква порака испраќаме до сите оние кои уриваа наместо да градат, правеа претстава наместо да штитат. Нив ги симнавме од власт, но сега треба да ги поразиме и испратиме во пензија. И кога ве гледам во колкав број нè има вечерва, колку многу реки народ се слеаа по улиците до оваа преполна сала – јасно е: Ќе победиме. Ќе победиме сите заедно. Македонија ќе победи“, рече Мицкоски.

Тој упати порака до политичките противници и како што рече нивните тајни коалиции дека ќе бидат поразени. Ќе биде  поразена и првата спрега на ДУИ и Левица, но и онаа на СДСМ со еден кандидат за градоначалник на скопска општина и оти на овие избори народот ќе им свири крај.

Мицкоски се осврна и на резолуцијата предложена од лидерот на СДСМ Венко Филипче.

„Втората работа што сакам да ја посочам е оној поклон на Венко за Бугарите – нов „бонбона-бизнис“. На времето, неговиот учител од Струмица, кога беше во прашање името, ни го спакува во метафората „да не му ја чепкаме жицата на гитарата“. Демек, он многу се секирал за името, кое ни го смени. Сега гитарата се вика „црвените линии“ на Венко, спакувани во неговата резолуција. Сте се запрашале ли зошто зборува за црвени линии, кога тој самиот нè убедуваше дека францускиот предлог е најдобриот што постои и не може подобар да биде? Па сега вели дека тој бил „најпатриотскиот документ“ било кога направен. Луѓе, дојде време ова СДСМ да збори за патриотизам – верувале или не. А што била опцијата? Ако не ги внесеме Бугарите во Устав, како што сака Венко – да не сме преговарале веќе за ЕУ? Добро, во ред – но кое е решението што ни го дава Венко? Кому треба сега овој негов предлог да служи? Јасно е дека ова е некое ново додворување на СДС кон Бугарите, на штета на Македонија. Тоа јас нема да го дозволам и нема да донесам одлука на штета на македонската држава – по ниту една цена. Сè додека јас сум премиер, има само едни црвени линии: тоа се македонските државни и национални интереси“, дециден е Мицкоски.

На предизборниот митинг тој говореше и за правосудството, односно судството и обвинителството истакнувајќи оти не е задоволен од функционирањето на правосудниот систем, кој, како што истакна, стана главното упориште на неправдите во државата.

„Последната брана за правдата во Македонија. И ќе бидам брутално искрен околу дебатата што ја наметнуваат – како сум можел да кажам дека платите на судиите и обвинителите не ги заслужуваат. И, со чест на исклучоци, сметам дека не само што не ги заслужуваат, туку им се и преценети во однос на тоа колку испорачуваат правда. Клановската екипираност и нивните отворени релации ги направија да се ѕид за правдата и штит на криминалот на апаратот што го менуваме. И сакам да најавам дека по изборите нема да има ниту политичка коректност ниту правна толеранција кон структурите што функционираат како длабока држава во одбрана на криминалот. Следуваат реформи за кои знам дека некои платени мегафони ќе паѓаат во несвест, но овој пат мора да не биде. Не може веќе правдата да чека, ниту да функционираме во две паралелни, нееднакви Македонии. Доаѓа време на правда, а Македонија ќе има само една – таа на народот, таква каква што ја заслужува. Има само една Македонија – таа на народот…“, порача Мицкоски од централниот митинг во Скопје.

Свесен сум, рече тој, за тежината на очекувањата на граѓаните, за наследените прблеми и разочарувања и знам дека се уште се живее тешко, но верува дека висинските промени доаѓаат полека но сигурно.

„Вистинските промени не доаѓаат како молња. Тие доаѓаат како изгрејсонце, тивко, но, неизбежно. Прво зрак, па светлина, па ден и тој ќе биде наш. Тоа е влог за твојата улица, твојата градина, твоето училиште, твојот парк. Тоа е избор дали ќе останеме исправени и ќе одиме напред, или ќе дозволиме да нè вратат назад – таму каде што надежта се губеше, а довербата се рушеше. И затоа, на овие избори се одлучува за да имате ваш – твој човек во општината. Тоа е оној што не те остава сам. Овој пат, тоа е твојот градоначалник – човек кој се докажа со работа, со посветеност и со резултати. Човек на кој можеш да се потпреш, затоа што знае дека да бидеш човек значи да бидеш од корист за другите“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, ова не е само политичка промена, туку е промена на животите, на надежта, на заедничка иднина.

„На овие избори одиме со програма која е вистинскиот избор за вашите општини. Настапуваме со кадри кои се вистинскиот избор за развој на општините. Скопје ќе има одличен тим на одговорни, посветени и, пред сè, чесни луѓе. Ги познавам многу добро и знам колку енергија ќе дадат. И Боби за Гази Баба, Дарко за Бутел, Аце за Ѓорче Петров, Сотир за Карпош, Јане за Сопиште, Ерџан за Шуто Оризари, Бети за Кисела Вода. Допрва доаѓа најдоброто за скопјани, затоа што знам за какви луѓе се работи – со интегритет и жилави, работници. И тие ќе бидат одличен тим со Орце Ѓоргиевски, кој ќе има тешка задача да ги исправи работите во главниот град. Затоа што на луѓето им е преку глава веќе од препукувања и дневна политика – и затоа што, за првпат, Скопје ќе добие прво човек, а потоа градоначалник“, рече Мицкоски.

Д. Муратов / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: локални избори
Next Post
Фото: ФК Арсенал

Салиба го продолжи договорот со Арсенал

НАЈНОВО

Герасимовски вети бесплатни оброци за учениците и екскурзија низ Македонија

September 30, 2025

Реџепи: Ќе се залагам за модерно, чисто, зелено Скопје еднакво за сите

September 30, 2025
СДСМ

СДСМ: За формирање многудетно семејство потребен е достоинствен приход за семејствата, Мицкоски ги уништи приходите

September 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Стејт департмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Верстапен: Се обидувам да ги убедам младите возачи да не се фиксираат на Формула 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“, Водно ќе блеска и по мрак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кампањата почна со навреди: ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН во жестока реторичка војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова по сторијата од ИРЛ: За ваква партиски организирана корупција која ништи животи, паѓаат Влади во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk