Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша декрет со кој се воведува царина од 10 проценти за увоз на дрвена граѓа, додека царината за тоалетни и кујнски елементи и тапацирани дрвени производи ќе изнесува 25 проценти, соопшти Белата куќа.
Царините за дрвената граѓа и производи од дрво ќе стапат во сила на 14 октомври.
Од 1 јануари, царините ќе бидат дополнително зголемени на 30 проценти за тапацирани дрвени производи и на 50 проценти за кујнски и тоалетни елементи увезени од земји кои не постигнале договор со САД.