Две лица загинаа по напад со автомобил и прободување во синагога во Манчестер. Се верува дека трето лице – за кое се смета дека е осомничениот – е мртво откако било застрелано од полицијата, пренесува Би-би-си.
Полицијата вели дека состојбата на осомничениот не може да се потврди поради „сомнителни предмети кај него“, а на местото на настанот има единица за деактивирање бомби
„Вратете се назад, има бомба!“ Снимките од местото на настанот покажуваат дека полицијата ги предупредува граѓаните
Тројца други граѓани се во сериозна состојба, а полицијата вели дека „голем број луѓе“ се молеле во синагогата – денес е Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар
Полицијата била повикана во синагогата Хитон Парк во 09:31 часот по британско време од некој што видел како автомобил вози кон граѓаните, а еден човек бил избоден
Еден сведок изјави за Би-Би-Си дека полицијата му дала на осомничениот „неколку предупредувања – тој не ги послушал, па затоа отвориле оган“
Кир Стармер се врати порано од Самитот на лидерите на Европската политичка заедница кој се одржува во Копенхаген, вели дека ќе има дополнителни полициски сили распоредени во синагогите низ целата земја.
Д. Мишев / Цивил Медиа