ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Скопје домаќин на меѓународна конференција за демократија и хибридни закани

October 2, 2025 12:24
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ –Центар за слобода, во соработка со Вестминистерски сојуз за Украина, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Нов европски форум на народите и Медија дијалог, ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“ во Скопје од 8–10 октомври 2025 година.

Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските општества, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет. Преку комбинација од сесии за градење сценарија, панели на високо ниво и работилници, учесниците ќе работат кон заеднички изјави, препораки за политики и стратегии за зајакнување на демократската отпорност и спротивставување на авторитарниот експанзионизам.

Во текот на три дена, меѓународни и домашни партнери — вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академци од цела Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави— ќе разменуваат искуства и стратегии за заштита на институциите, заштита на изборните процеси и солидарност со Украина и демократските напори ширум светот.

Оваа конференција е дел од проектот „Демократски навигатор“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Краток преглед на агендата 

Триденвната конференција ќе започне на 8 октомври со сесија за градење сценарија и прес конференции, по што попладнето (18:00 часот) ќе следи Воведниот панел: Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност, што ќе се пренесува во живо на англиски јазик.

На 9 октомври, програмата продолжува со состанок за стратешко планирање, регистрација и изјави пред врата, како и два јавни панела: Демократско назадување – Импликации и последици (10:00 часот) и Изборен интегритет и демократска отпорност (11:30 часот). Попладнето ќе биде посветено на работилници, вмрежување и брифинзи со пренос во живо на двата панела.

Последниот ден, 10 октомври, ќе вклучува тематски работилници за демократијата, Украина, изборниот интегритет и дезинформациите.  Во 14:00 часот, конференцијата ќе заврши со презентација на Конечни соопштенија за печатот— вклучувајќи заеднички изјави, првични наоди од проектот „Демократски навигатор“ и следните чекори— на повеќе јазици, со дополнителни брифинзи за печатот достапни на барање.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Преземено: Цивил Медиа

Next Post

Од 12 октомври влез во Грција според новите правила на ЕУ, грчките власти тврдат дека се подготвени за ЕЕС

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk