ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Доделени наградите на на МФФ Киненова, Гран при за грузискиот филм „Паноптикон“

October 3, 2025 12:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода синоќа беа доделени наградите на јубилејното 10. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Паноптикон“ на Ѓорѓи Сикарулиѕе. Филмот е копродукција на Грузија, Франција и Италија.

-Исклучителна режисерска интуиција во раскажувањето приказни која се базира на клише, но далеку ги надминува границите на очекуваното, внесувајќи нè во светот на личниот, кревкиот и еротскиот универзум на главниот лик. Чувствителноста, чувството, храброста, непредвидливоста и ранливоста на ликовите во филмот создаваат мозаик од необичен и фасцинантен свет на Грузија. Гран при на фестивалот оди кај филмот „Панокптикон“ од режисерот Ѓорѓи Сикаруалиѕе, стои во одлуката на жирито.

Наградата за најдобра режија ја доби српскиот режисер Вук Ршумовиќ за филмот „Помеѓу боговите“, за внимателно осмислен и контролиран мизансцен, исклучителна работа со актери, минималистички режисерски алатки преку кои режисерот создава емоции, интимност и разбирање – силни и моќни, трогателни и убедливи визуелни елементи.

Наградата за најдобро сценарио ја добија Момир Турудиќ и Вук Ршумовиќ за филмот „Помеѓу боговите“.

-Филм за сомнежот, длабокото човечко егзистенцијално преиспитување на животот, прашањето за човештвото и суштината на нашето постоење, со исклучителни ликови, прецизност во нарацијата, кредибилитет на ликовите и јадрото на она што ни го нуди кинематографското раскажување приказни. Наградата за најдобро сценарио оди во рацете на Момир Турудиќ и Вук Ршумовиќ за филмот „Помеѓу боговите“, стои во одлуката на жирито.

За најдобар краток филм од 16 филмови кои беа во конкуренција, награден е „Пиратска земја“ на Ставрос Петрополус. Жирито го оцени како многу интересен филм, со храбро истражување и голем режисерски подвиг што креира простор за човечка комуникација во модерното време каде тоа не е многу лесно и не тера да размислуваме подлабоко за нештата.

А special mention за особено визуелно достигнување доби филмот „Затемнување“ од  Ахмет  Елзогби од Египет. Жирито смета дека станува збор за исклучителен филм со исклучителна кинематографија и креативна игра со светло и ефекти.

Одлуката ја соопштил претседателот на жирито Срдан Голубовиќ, кој изразил задоволство што е дел од јубилејното издание на Киненова, фестивал кој се бори за нешто што е уметнички авторски филм и сите овие десет години и носи на оваа средина нешто што се најголеми и најважни наслови од светот на авторскиот филм.

-Се надевам дека овој фестивал ќе ја продолжи борбата за публика која ќе гледа авторски филмови и која во следните години ќе открива што европскиот и светскиот филм и нуди на нашата публика. Во денешно време филмската дистрибуција е ограничена, а фестивалите се места кои ни ги носат најинтересните остварувања кои во овој момент се случуваат во светот, рече Голубовиќ и подвлече дека му е голема чест што е претседател на жирито во кое членува заедно со Хамад Солејманзадех и големиот македонски кинематографер, Владимир Самоиловски.

Директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ изрази задоволство од содржините и гостите на фестивалот, како и од мастеркласовите.

Уметничкиот директор на фестивалот Гена Теодосиевска е задоволна што работела со еден компактен тим, кој заслужува големи пофалби бидејќи се снаоѓал и во време и во невреме.

-Многумина наши гости – автори на прашањето колку филмот може да го промени светот велат многу малку, но како личности ние сите се менуваме по секој изгледан филм и јас во тоа верувам. По секој филм ние имаме еден друг поглед затоа што авторот ни го овозможува тоа. Авторскиот филм е една бујна река. Но, таа треба да стигне некаде. Ако не стигне никаде, ако не дојде на фестивалите, ако не знаеме да го препознаеме, тоа е многу тажно. Ние се обидуваме да го препознаеме авторскиот филм. Онолку колку што ни овозможува буџетот, колку што можеме ние да стигнеме и затоа сме задоволни што имавме годинава одлична селекција, програма во фокус на Унгарија и Австрија и автор во фокус- Срдан Голубовиќ. Имавме извонредни лауреати – Лив Улма, Владимир Самоиловски и Даг Јохан Хагеруд, рече Теодосиевска.

Фестивалот се затвори со проекција на филмот „Прасловен“ на режисерот Слободан Максимовиќ, а по проекцијата пред присутните се претставија Зоран Предин, Барбара Предин, Борис Дежуловиќ, Слободан Максимовиќ.

Tags: „Киненова“
Next Post
Фото: ВИ

Трамп најави кратења во „демократските агенции“ на вториот ден од владината блокада

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk