ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зоран Божиновски исклучен од ЗНМ за сериозни етички повреди и родово базирано вознемирување

October 3, 2025 10:13
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), постапувајќи по предлог на Советот на честа при ЗНМ, донесе одлука за исклучување на Зоран Божиновски од членството на ЗНМ поради прекршувања на повеќе членови на Етичкиот кодекс на новинарите, соопштуваат од ЗНМ.

Одлуката, како што велат во соопштението, е донесена поради тешки и повторливи повреди на Етичкиот кодекс – преку серии неодамнешни објави што поттикнуваат родово базирано вознемирување кон новинарки и го нарушуваат угледот и приватноста. Освен ова, овие објави иницираат малициозни коментари со што се поттикнуваат и охрабруваат други лица да шират говор на омраза и закани, а на тој начин се создава непријателска средина и се зголемува ризикот по безбедноста на новинарките.

„Советот на честа при ЗНМ, следејќи го Статутот и Правилникот за работа, по разгледување на пет доставени претставки до ЗНМ од страна на новинарките Жана Божиновска, а во име на Мирослава Симоновска, потоа од Јована Костадиновска, Анета Андонова, Сашка Цветковска и Мери Попова, одлучи дека Зоран Божиновски грубо ги прекршил член 10, член 15 и член 16 од Кодексот на новинарите. Врз основа на тоа, Советот даде предлог за исклучување, кој беше прифатен од Управниот одбор на ЗНМ.

Зошто е донесена оваа одлука? ЗНМ има обврска да ги штити професионалните стандарди и безбедноста на своите членови. Нормализирањето на вознемирувањето и јавните понижувања – особено кога се насочени кон жени – директно ја поткопува слободата на изразување, ја нарушува довербата во медиумите и ги обесхрабрува новинарките да бидат гласни и присутни во јавната сфера.

Кои се последиците ако ова не се третира соодветно? Игнорирањето на ваквите појави води кон зголемена неказнивост, ескалација на онлајн и офлајн напади, самоцензура и системско потиснување на женските гласови во медиумите, што е штетно за јавниот интерес и демократскиот дискурс. ЗНМ потсетува дека согласно измените на Кривичниот законик од 2023 година, загрозувањето на сигурноста на медиумските работници претставува кривично дело, за кое веќе постои и судска пракса.

Укажуваме дека секој член на ЗНМ при зачленување потпишува изјава дека ќе ги почитува одредбите на Етичкиот кодекс. Согласно член 20 од Статутот, член против кого се поднесени и прифатени претставки за сериозни прекршувања на Кодексот може да биде исклучен од здружението, а со тоа да ги изгуби бенефитите од членството – правна помош и застапување, право на добивање и користење новинарска легитимација (национална и меѓународна, согласно правилата), учество во органите и програмите на ЗНМ, пристап до обуки, мрежи и други членски услуги.

ЗНМ, како најстара професионална организација на новинари во земјата со 79-годишна традиција, останува на страната на професионалното новинарство и на сите новинар(к)и кои со интегритет и одговорност ја вршат својата работа во интерес на јавноста“, се наведува во соопштението од ЗНМ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЗНМЗоран Божиновски
Next Post
Фото: Фронтлајн

Протестен марш за солидарност со Палестина во сабота во Скопје

НАЈНОВО

ФОТО: ИХФ/Фејсбук

Ракометарите на Барселона по шести пат ја освоија светската клупска титула

October 3, 2025
Хемиската фабрика Азот, која се наоѓа во Пермскиот крај, е еден од најголемите производители на азотни ѓубрива во Русија. (Телеграм)

Украински дронови нападнаа фабрика на рускиот хемиски гигант на повеќе од 1.700 километри од фронтовските линии

October 3, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) ФИФА ја претстави Трионда, официјалната топка на СП 2026

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk