ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Душата е важна, но не без ич мозок!

October 4, 2025 10:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во песната „Мозокот е поширок од небото”, Емили Дикинсон  воспева една  материја од околу 1.300 грама.

Родното место на умот.

Таа говори за мозокот, не за душата.

Потсетувајќи нè дека седиштето на нашите мисли и искуства е во таа парче не особено убава материја.

Но, какво парче?

Во својата вчудовидувачка сложеност, експлозивна комбинаторичка компутација и неограничена способност на замислување на стварни и хипотетички светови, мозокот навистина е поголем од небото.

Македонската култура, меѓутоа, им дава предност на душата и срцето.

Ние го разбираме светот преку емоциите.

Мозокот е исклучен, а кога не е исклучен е предмет на сомнежи, па дури и на осуди, како нешто што може да не заебе.

И, веруваме, дека нè заебува.

Мозокот ја хендикепира нашата душа и нашето срце.

Нашиот идентитет кој со мозокот нема врска.

Душата и срцето се чиста енергија и работат без напор, додека мозокот од Македонецот бара помало или поголемо мачење.

Душат и срцето, емоциите, се важни, но не без ич мозок.

Тоа покажува дека имаме конститутивни предиспозиции да пропаднеме во слободниот свет кој малку повеќе се потпира на мозокот и интересите ги формулира рационално, не емотивно, како описменувачите на Европа.

Се покажува, еве, низ целава транзиција, во последно време особено, дека Македонците се лесни за заведување со помош на емоционални рајцања кои би ги одбил или би пројавил резерви и најпримитивниот мозок.

Вмро, да речеме.

Светите букви.

Ќосето.

Гоце.

Јане.
…

Најамортизираниот сунѓер на нормалноста која не е можна без ситуирање во мозокот, би ја избришал сета историја со овие фигури како креда од зелена табла.

Но македонската душа не ги пушта.

Попрво ќе ги умре.

Што и ќе се случи.

Но, да не бидеме толку црни.

Лани оваа време напишав дека колку и да е блесаво, јас верувам дека оваа хистерија со вмро ќе помине и еден ден Македонецот ќе забележи дека сфатил.

Дека бил на погрешен пат.

Со лажни верувања.

Неговите сеќавања и последиците на новите доктрини во личната култура.

Се нешто што ќе му влее радост и среќа.

А не е вмро.

Кое во позадината ќе остане како трага од една голема несреќа.

Мамурлак.

Не бидете сигурни дека тоа е невозможно.

Односно невозможно е само ако не верувате и ако не дозволувате некој зрак на просветлението да ви влезе во главата.

Дали претерав во оптимизмот?

Не, но мислам дека освестувањето ќе се случи на крајот на едно тешко, безмислено, глупаво, распаѓање и изопачување.

Низ парадокси.

Ако вмро победи на локалните избори, ќе нè доближи до тоа распаѓање во кое, сè уште се надевам, ќе се роди свеста за трагичните заблуди.

Еве уште некои потсетувања:
„Ново е масовниот карактер на распаѓањето и изопачувањето на световниот и духовниот авторитет во рамките на секое општество.”

Развојот на ситуацијата ме потсети на уште еден мој статус, овој пат со цитатот на Роберт Опенхајмер, објавен минатата година на втори, ми се чини, октомври.

Генијалниот научник и шеф на Проектот Менхетн го рекол тоа на предавање на Колумбија универзитетот во Њујорк.

Било тоа во 1955 година.

Тогаш напишав дека  тоа негово излагање со една ваква временска дистанца, ме охрабрува.

Затоа што и од Опенхајмер и од други големи автори разбирав дека светот, всушност, отсекогаш се распаѓал и изопачувал под дејство на новите елементи кои се воведувале во нашите животи како и од промената на квалитетот на она што веќе постоело.

И ги решавал тие деструкции и одел напред.

Ако во 1955 светот се распаѓал и изопачувал, ова денеска слободно би можеле да го означиме како претсмртна агонија.

Што, можеби, и è!

Тогаш напишав дека тоа навраќање на поранешните искуства ме учи дека не е се така црно и дека секогаш човекот успевал зад првиот или вториот свиок да најде решение.

Се разбира, цената секогаш е сè поголема и поголема, но на крајот човекот го добива решението.

Дека и Нордот ќе се фати за некое поцврсто говно кое излегува од шупакот на Мицко и ќе излезе од септичката јама со вморонските срања.

Денеска, признавам, се мислам над тие смирувачки тонови зашто ме фаќа страв од нивото на распаѓањето и изопачувањето.

И на глобално и на локално ниво.

Кај нас во Нордот, посебно.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Личен став на Авторот | Сите права се задржани.
Tags: Бранко ТричковскидушаМакедонецмозоксрцеум
Next Post

Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi - ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk