Република Северна Македонија (РСМ) е подготвена да обезбеди поддршка за справување со последиците од поплавите, објави претседателот Румен Радев на „Икс“, по телефонскиот разговор со неговата колешка Гордана Сиљановска Давкова, јави БТА.
-Благодарност до претседателката Гордан Сиљановска Давкова за конструктивниот телефонски разговор и изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија, како и за декларираната подготвеност на РСМ да обезбеди поддршка за справување со последиците од невремето, напиша шефот на бугарската држава.
Благодаря на президента Гордана Силяновска @gogamkd за конструктивния телефонен разговор и изразените съболезнования за жертвите при наводненията в България, както и за заявената готовност РСМ да окаже подкрепа за справяне с последиците от бедствието.
— President.bg (@PresidentOfBg) October 4, 2025
Интензивните дождови и поплави зафатија голем број области во Бугарија, при што дел од населението остана без електрична енергија, а пристапот до погодените региони е ограничен. Во поплавите загинаа четири лица, а активностите за справување со последиците продолжуваат при што доброволци, воени и социјални тимови работат на расчистување на патиштата, обезбедување на населението и нормализирање на секојдневниот живот.