Британскиот актер Чарли Ханам се трансформираше во еден од најозлогласените американски убијци – Ед Гин – во третата сезона на хит серијата на Нетфликс, Монструм.
На премиерата во Њујорк, Ханам (45) зборуваше за подготовките за улогата на човекот кој во 1950-тите изврши повеќе убиства и ограбуваше гробови, користејќи човечки остатоци за изработка на предмети и облека.
„Најважно ни беше да ја откриеме вистината, повеќе зошто Ед го правеше тоа, отколку што направи. Сите веќе знаат што направил и тоа е прикажано во многу филмови. Ние сакавме да го прикажеме тој мрачен агол на човечката природа, зашто преку таквите приказни полесно се разбираме себеси,“ вели актерот.
За улогата, Ханам изгубил околу 14 килограми за да го долови изгледот на „многу слаб и неухранет“ Гин. Посебно внимание посветил и на неговиот комплициран однос со мајката:
„Таа му велела секој ден дека го мрази затоа што не бил роден како ќерка, каква што отсекогаш посакувала. Замислувајќи што значи тоа за единствената личност со која имал однос, се водевме во создавањето на неговиот глас и начинот на кој комуницирал со мајката и со светот,“ објаснува Ханам.
Иако станува збор за мрачна приказна, тој открива дека атмосферата на снимањето била сосема спротивна.
„Ние всушност уживавме во процесот. Не сакам да кажам дека беше забавно, бидејќи тоа би звучело погрешно, но беше многу убаво искуство да работам со режисерот Макс Винклер и со тимот. Бевме горди на тоа што го постигнавме,“ изјави актерот.
Новата сезона на Monster е достапна на Netflix.
Редакција Фронтлајн