Пики Блајндерс ќе се врати на BBC и Netflix со две нови сезони напишани од креаторот Стивен Најт, фокусирани на новата генерација на семејството Шелби. Сместена во Бирмингем во 1953 година, приказната се одвива за време на повоената реконструкција на градот, каде што моќта, амбицијата и опасноста се судираат додека семејството Шелби остануваат во центарот на хаосот.
Серијата ќе се снима во студијата „Digbeth Loc.“ во Бирмингем, а ќе биде продуцирана од „Kudos“ и „Garrison Drama“, истите тимови зад оригиналниот „Peaky Blinders“ и неговиот претстоен филм „Peaky Blinders: The Immortal Man“.
Градоначалникот на Бирмингем, Ричард Паркер, нагласи дека продукцијата ќе донесе нови работни места и ќе помогне регионот да стане креативен центар на Обединетото Кралство.
Двете нови сезони ќе се состојат од шест епизоди од по еден час, поддржани од Здружениот орган на Западен Мидлендс во рамките на новото партнерство со Би-Би-Си за зголемување на регионалната продукција.
Редакција Фротнлајн