ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ – Уште колку луѓе треба да настрадаат за Тошковски да почувствува одговорност; Министерот вели ова се очајните, неосновани и политички мотивирани напади

October 8, 2025 11:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
pance toskovski

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, реагираат со соопштение СДСМ.

Оттаму велат дека „последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните“.

„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните? Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција. За тоа мора да има одговорност. Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност и да поднесе оставка?“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку објава на Фејсбук реагираше на, како што вели, „очајните, неосновани и политички мотивирани напади“ од СДСМ, наведувајќи дека преку постојани барања за негова оставка се обидуваат да го прикријат сопствениот неуспех и стравот од одговорност.

-Во последните денови сме сведоци на уште еден бран од очајни, неосновани и политички мотивирани напади од СДСМ кон мене. Искрено, разбирам дека очајот е огромен кога секоја нова анкета им ја топи поддршката побрзо отколку што тие успеваат да измислат нова лага, но оваа хистерија што ја гледаме не е политичка дебата, туку очај маскиран во соопштение. Помина повеќе од една година во која секојдневно активност на прес-центарот на СДСМ не е ништо друго освен папагалско повторување на зборовите: „Оставка за Тошковски!“. Секој ден, истата реченица, иста интонација. Изгледа како да добиле упатство без разлика која е темата, одговорот мора да биде „оставка“. Еден ден тоа е безбедноста, друг ден животната средина, третиот парното во зграда. Нема да бидам изненаден ако СДСМ утре излезе со итно соопштение дека јас сум лично одговорен и за недостигот на сончеви зраци во Скопје. Кај нив, секоја тема е добра, само ако може да се спакува во зборот „оставка“, наведува Тошковски.

Во Куманово вчера беше пукано во Зекирија Шаини, носителот на советничката листа на Нацинална алијанса за интеграции (НАИ) на Општина Липково.

Директорот на Кумановската општа болница, Сашо Стошевски информираше дека повредениот е вон животна опасност. По завршените иследувања во Општата болица е пратен за Скопје.

-Лицето е примено со четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десно колено. Направени се сите иследувања од наша страна-рендген, компјутер. Лицето е вон животна опасност. Со возило на општа болница Куманово е пренесено на клиниките во Скопје, изјави директорот Стошевски.

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово и побара МВР и Обвинителството да ги идентификуваат и изведат пред лицето на правдата сторителите.

Загрижени сме од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на листата во Општина Липково, кој беше застрелан од маскирани лица и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност и тој ја добива потребната медицинска нега, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Остро го осудуваме овој варварски чин на насилство и бараме од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство веднаш да реагираат – со целосна транспарентност и решителност – за да ги идентификуваат, уапсат и изведат пред лицето на правдата сторителите на овој атентат. Им упатуваме апел на сите наши поддржувачи, симпатизери и граѓани воопшто да останат смирени, да не подлегнуваат на провокации и да ја покажат зрелоста што отсекогаш ја карактеризира нашето движење“, истакнаа од ДУИ.

Ова е втор случај на насилство врз кандидат за советник. Претходно, кандидатот за советник Умут Скопко во Општина Виница беше брутално претепан (кој се уште е во кома во скопската болница), за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Зекирија ШаиниоставкаСДСМТошковскиУмут Скопко
Next Post
фото: Независни заедно

Марковски: Отсуството на ТВ дебати е знак на немоќ и недостиг на визија за подобро Скопје

НАЈНОВО

Старт на тридневната меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“

October 8, 2025
Фото: Скриншот

Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

October 8, 2025

Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Фронтлајн

    Без вода утре повеќе улици во општините Центар и Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гласини и факти за меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредено едно лице во оружен инцидент во центарот на Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk