Компанијата на Џеф Безос, Blue Origin, направи голем чекор кон својата втора мисија со ракетата „New Glenn“, која вчера (8 октомври) беше изнесена на полетната рампа во базата Cape Canaveral Space Force Station на Флорида.
Лансирањето е закажано за крајот на октомври или во ноември, а ќе ја има честа да ја испрати првата голема мисија – две идентични сонди на НАСА, ESCAPADE (Escape and Plasma Acceleration and Dynamics Explorers), кои ќе одат кон Марс.
„New Glenn“ е високa околу 98 метри (320 стапки) и има повторно употребливa прва степенка, по моделот на SpaceX Falcon 9 и Falcon Heavy. Ракетата дебитираше во јануари годинава, успешно стигна во орбитата, но не успеа да ја приземји првата степенка на брод во Атлантикот.
Втората мисија е целосно оперативна – треба да ги однесе двата орбитери, наречени Blue и Gold, изградени од американската компанија Rocket Lab, кои ќе ја проучуваат атмосферата на Марс и влијанието на соларниот ветер и вселенското време врз неа. Сондиите пристигнаа на „Флоридската вселенска обала“ на 22 септември.
Истовремено, 8 октомври беше двоен успех за Blue Origin. Компанијата истото утро лансираше шест лица во суборбитален лет со помалата ракета „New Shepard“, од лансирната база во Западен Тексас. Ова беше 15-ти човечки лет и 36-то вкупно полетување на системот „New Shepard“.
Редакција Фронтлајн