ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

На 22 октомври Скопје ќе пулсира во ритамот на мултимедијалниот фестивал „Хаус оф Три“

October 13, 2025 10:58
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На 22 октомври ќе се одржи дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен & Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“.

„Хаус оф Три е повеќе од фестивал — тоа е синергија што ги спојува луѓето. „Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ќе се сретнат на три поврзани и сродни локации,“ вели Еми Ермилова, креатор и организатор на фестивалот, кој се реализира во соработка со „Три Кичен & Бар“ и ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“.

„Оваа година имаме одлична програма со интернационални и локални диџеи, поп-ап шоп, винил маркет и фуд корт. Сакаме луѓето да се чувствуваат слободно и да уживаат, да разменуваат меѓусебни искуства и да ја понесат целата позитивна енергија со себе. Но, над сè, сакаме да го вратиме шармот на ноќниот живот на Скопје. Со секое ново издание, фестивалот програмски созрева, поттикнувајќи соработка, инспирација и љубов кон уметноста и позитивната енергија.“ додава Ермилова.

Почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна.

Фестивалот започнува во 18 часот во „Три Кичен & Бар“, каде на винил маркетот ќе се претстават љубители и колекционери на грамофонски плочи, со цел да ги обединат фановите и колекционерите на винил. На истата локација ќе биде поставен и поп-ап шоп, на кој ќе се претстават локалните современи дизајнерски брендови „5 до 12“, „Кактус“, „Фабрика“, „Финкс арт“ и „Милч“. На овој базар посетителите ќе можат да уживаат во винтиџ и модерна облека, аксесоари, шапки (bucket hats), постери, привезоци и други креативни изненадувања. Барот нуди за посетителите и вкусна храна, збогатена со музичка програма на локалните диџејки Емили Нас и Ермилова, а подоцна во ноќта, до 1 часот по полноќ, ќе настапат и Аните б2б Немакс, носејќи хипнотички грув и силна енергија.

Случувањата во „Три Кичен & Бар“ ќе траат до 1 часот по полноќ, по што програмата продолжува во двата ноќни клуба — „Клуб 1212“ и „Станица 26“.

Од полноќ, во „Клубот 1212“ ќе гостува диџејката Џејн Рајз, со локална поддршка од диџејот Базел. Џејн Рајз брзо станува едно од највозбудливите нови имиња на електронската музичка сцена. На само 28 години, таа веќе има оставено значаен печат како диџејка, пејачка и продуцент, освојувајќи ја публиката низ целиот свет со својот уникатен спој на афро и хаус музика. Растејќи во музичко семејство, Џејн уште од најрана возраст била длабоко инспирирана од ритмови и мелодии, кои силно ја обликуваат нејзината уметничка приказна.

Едновремено, фестивалската приказна од полноќ ќе се одвива и во „Станица 26“, каде ќе настапи веќе добро познатиот диџеј Лехар, со локална поддршка од диџејот Веки.

Додека се слуша музиката на Лехар, може да се препознае дека интуицијата и емоцијата се основа на неговиот креативен процес, кој резултира со музички импровизации. Дебитантското ЕП на Лехар, „Саргас“, издадено на издавачката куќа „Конесер Рекордингс“ од Офенбах, го постави на мапата на современата електронска сцена и го претставува неговиот уметнички манифест — мешавина од звуци со драматични ефекти, преплетени со интимни бас линии и интригантни мелодии.

Tags: мултимедијален фестивалХаус оф Три
Next Post
Скриншот од видео на The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

EVN

НАЈНОВО

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

January 13, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ: Алта банка случајно ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одлука на Владата

January 13, 2026

Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

January 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Инстаграм

    Бруклин Бекам ја прекинал директната комуникација со родителите за да го заштити менталното здравје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Џорџ Клуни со „скриена прозивка“ кон Трам на доделувањето на Златни глобуси 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk