ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Самостојна изложба на Ибрахим Махама во МСУ

October 14, 2025 10:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МСУ

Фото: МСУ

Share on FacebookShare on Twitter

Во Музејот на современата уметност – Скопје вечерва во 18 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Ибрахим Махама. Делото на Махама, кое ја обвиткува фасадата на Музејот на современата уметност, претставува прва негова самостојна изложба во земјава.

Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност Скопје со финансиска поддршка и паритетен придонес од Министерството за култура и туризам, како и од Фондацијата Рајтман (Reitman Foundation), Лондон; Евролинк осигурување; Завар; Раде Кончар; Градежен Факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј; Македонска алпинистичка федерација и Викиекспедиции, сите од Скопје.

-Текстилната површина, составена од над 1.000 јутени вреќи кои ја обвиткуваат зградата, се секојдневно користени за транспорт на стоки и производи, првенствено во економиите на глобалниот југ, носејќи ги на себе историските траги од процесите на трудот, размената, реферирајќи на теми како глобализацијата и миграцијата, експлоатацијата и економската нееднаквост. Преку поврзување на јутените вреќи и нивното инсталирање на површината на зградата на музејот, делото истражува како историските настани се вградени во материјалноста на јутените вреќи и како преку оваа инсталација фасадата се преобразува во политичко огледало. Основен во 1964 година, МСУ – Скопје е создаден како платформа за уметничка размена, културна и меѓународна соработка. Изграден од донации после катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, претставува материјално здание на принципот на солидарност, место кое го одразува ветувањето за подобро општество, посочуваат од МСУ.

Информираат дека интервенцијата на Махама го обновува основачкиот етос на музејот, потврдувајќи ја улогата на уметноста во општеството и нејзиниот потенцијал да претставува и одразува акти на солидарност без оглед на различните просторни и историски контексти и ситуации. Зградата на музејот нераскинливо се поврзува со инсталацијата и јутените вреќи на Махама, станувајќи пандан во изразувањето и повторно промислувајќи ја и воспоставувајќи ја солидарноста, спротивно на доминантните глобални односи на моќ и експлоататорската геополитичка динамика.

Ибрахим Махама е роден во 1987 година во Тамале, Гана. Тој живее и работи во Акра, Кумаси и Тамале. Избрани самостојни изложби вклучуваат Барбикан центарот, Лондон (2024); Кунстхале Оснабрик, Германија (2023); Ауде Керк, Амстердам (2022); Фрак Пејс де ла Лоар (2022); Хај Лајн, Њујорк (2021); Музеј на уметноста на Универзитетот во Мичиген (2020); итн. Учествувал на бројни групни изложби, вклучувајќи го 4-то издание на Биеналето во Лагос, Лагос (2024); Биенале на Малта и Гозо (2024), 15-то Биенале во Шарџа, Кина (2023); 18-то Меѓународно биенале на архитектура во Венеција (2023); 35-то Биенале во Сао Паоло (2023); Музеј на ликовни уметности, Хјустон (2021); Центар Помпиду, Париз (2020); 22-ро Биенале во Сиднеј (2020); Павилјон на Гана на 58-мо Биенале во Венеција (2019); Документа 14, Атина и Касел (2017); Кунстал Шарлоттенборг, Копенхаген и Холбек (2016); 56-то Биенале во Венеција (2015); итн.

Надвор од својата уметничка практика, Махама активно се стреми да ја редефинира улогата на уметноста во општеството. Тој ги основа Центарот за современа уметност „Савана“ и Студиото „Црвена глина“, обете институции посветени на образование, експериментирање и уметничка пракса водена од заедницата во северна Гана. Во 2023 година, Махама беше назначен и за уметнички директор на 35-тото Љубљанско биенале за графички уметности, Љубљана.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: изложбаМСУ
Next Post

Концерт на триото АСТНИДЕ од Германија на 48. Денови на македонска музика

НАЈНОВО

Скриншот

Документарецот за турнејата на Тејлор Свифт доаѓа на „Дизни плус“

October 14, 2025
Фото: SpaceX, на Х

(ВИДЕО) SpaceX успешно ја лансираше Starship Flight 11 – најголемата и најмоќната ракета некогаш создадена

October 14, 2025
ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Дино Имери и Дијана Илкоска Имери

    Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk