Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул вчера ја обвини Кина за поткопување на меѓународниот поредок базиран на правила преку нејзините сè поагресивни политики во Азија и нејзината поддршка за Русија.
Тој во Јапонско-германскиот центар во Берлин истакна дека Пекинг и Москва се обидуваат да го смента светскиот поредок, кој се темели на меѓународното право.
Вадефул ги истакна блиските врски помеѓу Германија и Јапонија, опишувајќи ги двете нации како истомислечки партнери кои делат клучни вредности и стратешки цели.
Според него, Кина, најмоќната воено и економски земја во Азија, е во конфликт со Виетнам, Малезија и Филипините поради територијални спорови во Јужно Кинеско Море и Тајван го смета за своја територија, постојано заканувајќи се со воена акција.
Вадефул го истакна декка проширувањето на поморското присуство на Кина во близина на Јапонија и военото распоредување во Тајвански Теснец, не само што ја загрозува безбедноста во Индо-Пацификот, туку и го поткопува меѓународниот поредок заснован на правила.
Германскиот министер за надворешни работи посочи дека поддршката на Кина помага во одржувањето на воените напори на Русија во Украина.
– Севернокорејските војници и оружје, заедно со кинеската поддршка, продолжуваат да ја поттикнуваат кампањата на агресија на Русија низ Европа, наведе Вадефул.
Тој, исто така, ја критикуваше Русија, истакнувајќи оти Москва ја тестира решителноста на НАТО, го нарушува воздушниот простор на ЕУ и НАТО, шпионира критичната инфраструктура на Германија и се обидува да влијае на јавниот дискурс со пропаганда и дезинформации.