ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Писателката Билјана Црвенковска со две претставувања на саемот во Франкфурт

October 15, 2025 07:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На саемот на книга во Франкфурт, кој годинава се одржува од денеска до 19 октомври, писателката Билјана Црвенковска ќе се претстави на два настана, односно на две читачки промоции со германското издание на нејзиниот прв роман за возрасни, „Девет приказни за госпоѓица Сит“ (Die Neun Monde Der Miss Sith).
 
Како што информираат од Чудна шума/ИД-Концепт консалтинг и дизајн, романот кој е во издание на реномираниот германски издавач „Мителдојчер Ферлаг“ (Mitteldeutscher Verlag), прогласен за издавач на годината во Германија во 2025, првпат беше претставен на саемот на книга во Лајпциг во март годинава. Преведувачка на делото е Корнелија Маркс, славистка и македонистка која зад себе има сериозен број преводи на прозни и поетски дела од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина…
 
Во рамки на официјалната програма на саемот на книга во Франкфурт, Црвенковска ќе има двочасовно читање и разговор за романот во женскиот центар Frauentreff F132 во четврток, на 16 октомври во 18 часот, а следниот ден, в петок, на 17 октомври, во 10 часот, ќе се претстави на сцената на независните германски издавачи во саемскиот комплекс.
Разговорот со Црвенковска ќе го води новинарката и критичарка Клара Струбе. Црвенковска ќе биде гостин и на штандот на Мителдојчер ферлаг, каде што е изложено и германското издание, додека македонското издание и сите негови преводи, вклучително и работниот превод на англиски, ќе бидат изложени на штандот на „Македонската асоцијација на издавачи“.

Делата на Црвенковска се вклучени и во двата каталози кои „Македонската асоцијација на издавачи“ ги подготви за саемот на книга во Франкфурт: каталогот каде се претставуваат македонските автори на проза и поезија, како и во каталогот за литература за деца, чија насловна страница е илустрација на Катерина Николовска од книгата „Тигар на улица“, а според текст на Црвенковска, книга која влезе во престижниот каталог „Бели гаврани“ (White Ravens) во 2023 година.

Романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ (Чудна шума, 2019) „е обмислен и внимателно структуриран роман. Функционира и како збирка раскази и како роман составен од една основна приказна-рамка што содржи девет други приказни, низ кои се провлекуваат неколку заеднички лајтмотиви. Тивкото чекорење на мачката – вистинска, замислена, симболична – но и нејзините ненадејни појавувања ги врзуваат во цврста композиција нишките од наративните месечеви мени и фуги. Во расказите се прикажани ситуации во кои сите протагонистки се наоѓаат на некаков крстопат, ситуација во која мора да донесат тешка одлука.“ (Калина Малеска, рецензентка).

Романот беше финалист за наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за 2019 година, а досега е преведен на три јазици: германски, украински и српски.

Црвенковска со Клара Струбе и Корнелија Маркс во „Нато“ во Лајпциг ќе учествува на читачка промоција и разговор како дел од официјалната програма на саемот на книга во Лајпциг.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Фото: МИА

Мицкоски ќе ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

НАЈНОВО

Битола ја пречекува Барса, четвртиот шпански клуб што ќе игра против Пелистер

October 15, 2025

Лос Анџелес прогласи вонредна состојба за заштита на мигрантите

October 15, 2025
Скриншот

Трамп: Путин може веднаш да ја заврши војната, но не сака

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk