Кандидатката за градоначалничка на Општина Битола од редовите на движењето „Поинаку“, Габриела Илиевска, на својот Фејсбук профил објави дека кандидат за советник од ВМРО-ДПМНЕ објавува навредливи и недолични коментари насочени кон неа.
Имено, кандидатот за советник Љупчо Петровски коментирал под објава на актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски:
„Го прогласувам нусето Габриела за умрено!“

„Кандидат за советник ме прогласва за умрена! Ова е вистинското лице на Тони и екипата која сака нов мандат! Изгледа само умрени му требаат за да престанат да крадат!“, реагира Илиевска.
„Да го напрајме “славен” кандидатот за советник кој ме прогласува за умрена! Џабе бришите коментари на виделина е вашето вистинско лице! Сакам сега да ги видам солидарните жени кои се кандидатки на истата листа и нивните пратенички!“, вели Илиевска.
Реакција имаше и од Иван Чулаковски од „Поинаку“, кој на својот Фејсбук профил напиша дека ова е „вистинското лице на идните советници на ВМРО-ДПМНЕ, сеуште не дојдени на власт, а замислете ако се доберат до влас“.
„Колку и да сака чоек да е културен, пристоен и нормален, кога имаш работа со “вакви интелектуалци” мора да се спуштиш на нивно ниво.
Овај “господино” на сликата, дами и господа е кандидат за советник од редовите на ВМРО. Коментарот кој што го има на објавата на Тони Коњановски е навредлива, заканувачка и дискриминирачка“, додава Чулаковски, кој во претходниот мандат беше советник во општина Битола.
Чулаковски во коментар го прашува Петровски како не му е срам, додавајќи: Кандидат за советник? Резил!
Петровски, наместо да се извини, продолжува со дискредитација на политичките опоненти, пришто му возврати на коментарот: Поинаку changed its name to Дамбетер!
Дехран Муратов во соработка со ТИМОТ НА ЦИВИЛ ЗА МОНИТОРИНГ НА ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (ЦХТМ)
Фото: Принтскрин од објавата на Фејсбук на Габриела Илиевска од Поинаку
Преземено: Цивил Медиа