ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Осми локални избори: 309 кандидати за градоначалници во 81 општина

October 18, 2025 10:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Фото: Генерирано со ВИ

Фото: Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список.

На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на првите локални избори во 1996 година, а најмалку на локалните избори 2017 година – 257 кандидати за градоначалници. Бројот на кандидати за градоначалници се движи од 323 во 2000 година, 350 во 2013, 364 во 2009 и 379 на изборите во 2005 година.

Најмногу кандидати има за градоначалник на главниот град Скопје, вкупно 16, од кои само една жена. Постоа следат Прилеп и Струга по девет и Битола осум кандидати. По два кандидати за градоначалник има во над една четвртина од оштините – во вкупно 21 општина, меѓу кои во Штип, Кратово и Крива Паланка.

Според родовата застапеност од вкупниот број кандидати за градоначалници на Локалните избори 2025, 89,64 проценти се мажи, а 10,35 отсто се жени. Ова е мало зголемување во однос на минатите, кога процентот на жени е 8 проценти.

Најмногу кандидатски листи за советници имало на изборите во 1996 – 747, потоа во 2009 – 701, па 2021 – 572, 2000 – 564, 2013 – 480, 2005 – 445 и најмалку во 2017 година – 371.

На овие локални избори има 576 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати, од кои 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени, исто како и на минатите.

Најмногу кандидатски листи се поднесени за Град Скопје 19, потоа следат Битола – 16, Куманово и Долнени по 14.

Според возразната група од вкупно 10 799 кандидати за градоначалници и советници на возраст меѓу 18 и 20 години се 409 или 3,89 проценти, додека на возраст над 66 години се 985 кандидати или 9,12 проценти. Најмногу 25,36 проценти или 2 739 кандидати се на возраст меѓу 36 и 45 години.

Првите локални избори во независна Македонија се одржани на 17 ноември 1996 година, на кои се избирани советници и градоначалници во 123 општини, плус Градот Скопје. Имаше вкупно 683 кандидати за градоначалници и 747 кандидатски листи за членови на општинските совети. Одѕивот на гласачите во првиот круг беше 60 проценти, а во вториот круг 51 процент. На овие избори право на глас имаа 1 419 081 избирач.

Вторите локални избори се одржаа на 10 септември 2000 година, на кои се избирани советници и градоначалници во 123 општини, плус Градот Скопје. Имаше 323 кандидати за градоначалници и 564 кандидатски листи за членови на општинските совети. На овие избори право на глас имаа 1 634 859 избирачи. Одѕивот во првиот круг беше 59 проценти, а во втор круг 53 отсто.

Третите локални избори се одржаа на 13 и 27 март 2005 година, на кои се избирани советници и градоначалници во 84 општини и Градот Скопје. Ова се првите локални избори по новата територијална распределба и намалувањето на бројот на општините. Имаше 379 кандидати за градоначалници и 445 кандидатски листи за членови на општинските совети. На овие избори право на глас имаа 1 711 293 избирачи. Одѕивот на гласачите во првиот круг беше 56,36 проценти, а во вториот круг на 27 март 53,66 отсто.

Важно за напомена е дека Државната изборна комисија до 2006 година не постои како посебен орган и се формира пред секои избори и нема објавено целосни резултати или финален извештај за дел од првите три локални избори во земјата.

Четвртите локални избори се одржаа на 22 март 2009 година, на кои се избираа градоначалници и советници во 84 општини и Градот Скопје. Вкупно беа поднесени 364 листи за градоначалници и 702 кандидатски листи за советници. На овие избори право на глас имаа 1 792 082 избирачи. Одѕивот на првиот круг беше 57 проценти, а во вториот круг 43 отсто.

Петтите локални избори се одржаа на 24 март 2013 година со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини и Градот Скопје. Имаше вкупно 350 кандидати за градоначалници и 480 листи на кандидати за советници. На овие избори, право на глас имаа 1 743 403 гласачи. Одѕивот во првиот круг беше 67 проценти, а во вториот 65 отсто.

Шестите локални избори се одржаа на 15 октомври 2017 година, на кои се избираа градоначалници и советници на 80 општини и Градот Скопје. Имаше вкупно 257 кандидати за градоначалници и 371 кандидатска листа за советници. Право на глас имаа 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список Во првиот круг излезноста беше 60 проценти, а во вториот круг 52 отсто.

Седмите локални избори се одржаа на 17 и 31 октомври 2021 година. Право на глас имале 1 824 864 гласачи. Излезноста во првиот круг била 50,57 проценти, а во вториот круг 50,69 проценти. Имало вкупно 299 кандидати за градоначалници. Според родовата застапеност од вкупниот број кандидати за градоначалници на Локалните избори 2021, 91,64 проценти се мажи, а 8,36 отсто се жени. На овие локални избори имало 572 кандидатски листи за членови на општинските совети со вкупно 10 532 кандидати, од кои 55 проценти се мажи, а 45 проценти жени.

Tags: избори
Next Post

Во Скопје 474.304 илјади гласачи, Куманово 94.041, Лозово со најмалку 1905, се гласа на 3.474 избирачки места

Shortcut

Најново

Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk