Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги искажа своите очекувања за спринтот на Големата награда на САД.
– Квалификациите поминаа добро. Сè помина добро, но нè очекува тесна битка во спринтот. Сепак, мислам дека токму тоа сакаме да го видиме. Задоволен сум од пол-позицијата. Најважното нешто во спринтот е добриот почеток. Патеката е доста широка на првата кривина, па се надевам дека сите ќе можат да покажат добро темпо, изјави Верстапен за „F1 News“.
Спринтот во Остин е вечер со почеток во 19 часот по македонско време.
Верстапен е актуелен светски шампион во Формула 1.