Меѓународните набљудувачи денеска на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија.
Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент.
Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти и долгорочни и краткорочни набљудувачи на ОДИХР, 15 пратеници и службеници од Конгресот и седум од Европскиот парламент.
Како што е најавено, на прес-конференцијата ќе се обратат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, Гобнит Ни Вимнехан, шефица на делегацијата на Конгресот и Марта Темидо, шефица на делегацијата на Европскиот парламент.