Претседателот Трамп во понеделникот го критикуваше австралискиот амбасадор во САД додека седеше спроти него, откако еден новинар го праша американскиот дали претходните коментари на амбасадорот во Вашингтон влијаеле врз неговите ставови за администрацијата на премиерот Ентони Албанезе.
Се чинеше дека Трамп не го препозна австралискиот амбасадор на масата, но откако се претстави, Трамп брзо ги кажамшто мисли за него.
„И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам“, рече тој.
Амбасадорот кој седеше спроти Трамп за време на состанокот со австралиската делегација, е поранешниот премиер Кевин Рад, кој во 2020 година напиша на социјалните мрежи дека верува оти Трамп е „најдеструктивниот“ претседател во историјата на САД.
Рад ги избриша коментарите во ноември 2024 година по изборната победа на Трамп, велејќи дека го сторил тоа „од почит“ кон функцијата претседател.
Д. Мишев / Цивил Медиа