Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Вмровците победија затоа што нив не им е гајле ништо, освен да победи нивниот кандидат.
Не им е нив гајле дали е Скопје затрупано со ѓубре, дали во Кочани се случила трагедија, дали нивната партија гласа за кандидат којшто победата во Тетово си ја прослави со мапа од Голема Албанија, дали се крати на плати и пензии, дали цените одат до небо, или, скраја било, раководството на партијата да им е арогантно.
Погледнете како вмровците гласале на последните 6 парламентарни избори:
2008 … 481.501
2011 … 438.138
2014 … 481.615
2016 … 454.577
2020 … 315.344
2024 … 436.036
Константно од 436 илјади до 481 илјада. Само еден пад, кога Заев го достигна зенитот.
Од друга страна, СДСМ од 218 илјади се качува на 368 илјади, па паѓа на 283 илјади, па се качува на 437 илјади и после паѓа на 154 илјади.
Последниве два дена, од сдсмовците прочитав многу причини за последниот пораз.
Изгубивме заради Филипче, изгубивме дека Заев не е веќе лидер, изгубивме дека Заев е сѐ уште лидер во сенка, па раководството било арогантно, па го заборавиле членството, па не биле агресивни и не се дереле како Апасиев итн.
Причини милион.
На локално ниво… Едни велат: Не гласам за нашите ако е кандидат Петко, други не гласаат ако кандидат е Станко, трети навиваат за Трпе, четврти агитираат за Цветко.
Епа заради првите, и вторите, и третите, и четвртите, ќе губиме на избори.
Знаете ли како во Канада се бира лидер на партија?
Ќе се пријават пет кандидати, па ќе има гласање, ќе победи еден од нив и вечерта сите противкандидати излегуваат на говорница и велат: Му честитам на МОЈОТ ЛИДЕР.
А кај нас, два дена читам кавги меѓу сдсмовци, за тоа дали Филипче треба да поднесе оставка.
И после ќе плачат сите заедно дека ВМРО пак победиле.
И никако да сфатат дека на ден на избори треба да излезат и да гласаат. А не да продаваат ум.
Текстот е личен став на Авторот