ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Фестивал „Хаус оф три“ на три локации во Скопје

October 22, 2025 11:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Дванаесетчасовен мултимедијален фестивал „Хаус оф Три“ (House of 3) ќе се одржи вечерва на три сродни и препознатливи локации во центарот на Скопје — во „Три Кичен&Бар“ и во ноќните клубови „Клуб 1212“ и „Станица 26“.

Како што соопштија организаторите, почнувајќи во 18 часот, па сè до 6 часот наутро, ова трето издание на фестивалот, нуди настапи на интернационални гости и локални диџеи, винил маркет, поп-ап шоп со локални брендови и вкусна храна.

Организаторите на „Хаус оф Три“ велат дека е повеќе од фестивал — синергија што ги спојува луѓето.

-Идејата започна пред три години сосема спонтано, од желбата да направиме место, каде што музиката, уметноста и локалните брендови ќе се сретнат на три поврзани и сродни локации, вели Еми Ермилова, креатор и организатор на фестивалот.

Годинава, програмата нуди интернационални и локални диџеи, поп-ап шоп, винил маркет и фуд корт.

-Сакаме луѓето да се чувствуваат слободно и да уживаат, да разменуваат меѓусебни искуства и да ја понесат целата позитивна енергија со себе. Но, над сè, сакаме да го вратиме шармот на ноќниот живот на Скопје. Со секое ново издание, фестивалот програмски созрева, поттикнувајќи соработка, инспирација и љубов кон уметноста и позитивната енергија, додава Ермилова.

Фестивалот ќе започне во 18 часот во „Три Кичен&Бар“, каде на винил маркетот ќе се претстават љубители и колекционери на грамофонски плочи, со цел да ги обединат фановите и колекционерите на винил. На истата локација ќе биде поставен и поп-ап шоп, на кој ќе се претстават локалните современи дизајнерски брендови „5 до 12“, „Кактус“, „Фабрика“, „Финкс арт“ и „Милч“. На овој базар посетителите ќе можат да уживаат во винтиџ и модерна облека, аксесоари, шапки (bucket hats), постери, привезоци и други креативни изненадувања. Барот нуди за посетителите и вкусна храна, збогатена со музичка програма на локалните диџејки Емили Нас и Ермилова, а подоцна во ноќта, до 1 часот по полноќ, ќе настапат и Аните б2б Немакс, носејќи хипнотички грув и силна енергија. Влезот е слободен.

Случувањата во „Три Кичен & Бар“ ќе траат до 1 часот по полноќ, по што програмата продолжува во двата ноќни клуба — „Клуб 1212“ и „Станица 26“.

Од полноќ, во „Клубот 1212“ ќе гостува диџејката Џејн Рајз, со локална поддршка од диџејот Базел. Џејн Рајз брзо станува едно од највозбудливите нови имиња на електронската музичка сцена. На само 28 години, таа веќе има оставено значаен печат како диџејка, пејачка и продуцент, освојувајќи ја публиката низ целиот свет со својот уникатен спој на афро и хаус музика. Растејќи во музичко семејство, Џејн уште од најрана возраст била длабоко инспирирана од ритмови и мелодии, кои силно ја обликуваат нејзината уметничка приказна. Влезница за клубот е 300 денари.

Фестивалот од полноќ ќе се одвива и во „Станица 26“, каде ќе настапи веќе добро познатиот диџеј Лехар, со локална поддршка од диџејот Веки. Додека се слуша музиката на Лехар, може да се препознае дека интуицијата и емоцијата се основа на неговиот креативен процес, кој резултира со музички импровизации. Дебитантското ЕП на Лехар, „Саргас“, издадено на издавачката куќа „Конесер Рекордингс“ од Офенбах, го постави на мапата на современата електронска сцена и го претставува неговиот уметнички манифест — мешавина од звуци со драматични ефекти, преплетени со интимни бас линии и интригантни мелодии. Влезница за клубот е 300 денари. 

Tags: Хаус оф Три
Next Post

УХМР најавува пороен дожд и силен ветер до 70 km/h

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk