Татјана Соколова Ристова сведок за случајот Онкологија, до редакцијата на Фронтлајн испрати реакција и побара корекција на објавениот текст кој беше објавен и преземен од државната новинска агенција МИА со наслов: Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци.
„Изјавата пренесена во текстот за судењето на Онкологија беше дадена од друго лице, а не од мене како што е наведено. Ве замолувам текстот да се коригира“, изјави за Фронтлајн, Соколова Ристова.
Фронтлајн ѝ укажа на Соколова Ристова, соодветно да реагира и до МИА, за истите да направат корекција во објавената содржина.
Ј. Ѓ.