Новата јапонска премиерка Санае Такаичи, во обраќањето пред Парламентот по инаугурацијата, истакна дека Јапонија ќе продолжи да се стреми да склучи мировен договор со Русија, и покрај сложената ситуација во билатералните односи.
– Односите со Русија во моментов се во тешка ситуација, но политиката на јапонската влада останува да го реши територијалното прашање и да потпише мировен договор, истакна Такаичи.
Таа, се осврна и на глобалната ситуација, наведувајќи дека има „историско поместување во рамнотежата на моќта“ во светот, што ќе влијае и на безбедносната политика на Јапонија во наредниот период.
Такаичи, претседателка на Либерално-демократската партија, на 21 октомври беше избрана за 104-ти премиер на Јапонија. Таа е првата жена што ја извршува премиерската функција во историјата на Јапонија.





